• Latest

Ќе се бара заем од над 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии во пет региони од земјава

February 16, 2021
Фото: ANF Nows

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против, националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ќе се бара заем од над 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии во пет региони од земјава

February 16, 2021 10:21
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на почетокот на февруари го одобрила започнувањето на постапката за обезбедување на заем од меѓународните финансиски институции за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион. За оваа цел, ќе бидат неопходни над 55,3 милиони евра, со кои ќе може да се започне изградбата на основната инфраструктура за управување со отпадот, информираат од ова министерство.

Кога станува збор за воспоставувањето на регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион, Швајцарија изрази подготвеност за продолжување на финансиската поддршка од Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), преку обезбедување на дополнителни средства за воспоставување на инфраструктурата и имплементација на Регионалниот план за управување со отпадот. Услов на швајцарските власти е државата исто така да има свој удел во средствата за продолжување на планираните активности.

Ова беше разговарано на средбата меѓу швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тие се сретнаа со претставници на консултантскиот тим и изведувачот за увид во прогресот на имплементацијата на брзите мерки за рехабилитација на постојната локација за депонирање на отпад во Русино.

Со тековниот проект на депонијата во Русино се гради систем за управување со исцедок со кој преку мрежа на насипи и ровови ќе се оневозможи доток на поројни води во депонираниот отпад и истекување на исцедокот надвор од локацијата. Исцедокот ќе се собира и преку рециркулација ќе се враќа назад во депонијата. Депонијата во Русино ќе добие и вага со кои ќе се утврдува колку точно отпад пристигнува на локацијата.

Реализацијата на овие мерки се предуслов за отпочнување на втората фаза од процесот на воспоставување на интегриран самоодржлив систем за управување со отпад во Полошкиот регион, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во овој регион кон крајот на 2020 година беше формирано и заедничкото јавно претпријатие за управување со отпадот во Полошкиот плански регион, а следниот чекор е сите општини заеднички да ја изберат идната локација на која би се градела регионалната депонија како замена за постојната локација во Русино.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ