Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 65-та седница. Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.
На седницата, на предлог на Министерството за надворешни работи се донесе одлука за отворање нови конзулати, почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Хрватскa, со седиште во Риека и почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Турција, со седиште во Сивас.