Претседателот на Градска огранизација на СДСМ, Васко Кичевски, во изјава за медиумите ја обвини новата локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје дека за само една година создаде хаос и го донесе до целосен колапс Јавното Сообраќајно Претпријатие.
Тој посочи дека поради неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка која се занимава само со тендери и провизии, јавниот превоз не функционира.
Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го заглавија ова јавно претпријатие и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање, истакна Кичевски. Тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата.
Тој истакна дека нема долг на Владата, и дека тоа е само очаен обид за манипулација и прикривање на неспособноста, обид сопствената вина да ја префрлат на некој друг.
JСП Скопје го упропастија заедно, медарот Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Заедно ветуваа бесплатен превоз за скопјани а сега велат друг дека треба да се грижи за ЈСП, посочи Претседателот на Градска огранизација на СДСМ.
Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска јавно да одговорат: дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување на нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?
Дали медарот и шпицен градоначлник Мицкоски и неговата градоначалничка повторно ги ставиле рацете во медот и на сметка на платата на вработените во ЈСП е направен криминал, прашува Кичевски?
Тој ги посочи „Медарите“ од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничката кои со ваквата пракса го доведуваат градот Скопје до целосна нефункционалност. Жртви на ваквата неспособна и неодговорна градска власт на ВМРО-ДПМНЕ се само жителите на градот Скопје.
Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, ги повкуваме да не се кријат, да седнат да работат и јавно да понудат решение за проблемот кои самите го создадоа, рече Кичевски.