Владата и Министерството за труд и социјална политика јавно застанаа на тоа дека не треба да се одмрзнува платата во овој момент. Владата бара системско решение за платите во јавниот сектор“ рече секретарот за јавни политики во Владата, Васко Кичевски во Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека Владата јасно кажува дека во овој момент не се потребни вакви покачувања, но не треба да се оди со ад-хок решенија како во 2014 година, со што нема да се реши генералниот проблем.
Треба да најдеме системско покачување на платите, кое ќе биде реално, за сите нивоа на платите во јавната администрација. Не сме против предлогот на Вељановски и ВМРО-ДПМНЕ, но тоа ќе биде провидно решение за решавање на проблемите. Ајде системски да ги решаваме проблемите, повика Кичевски.
Тој кажа дека само системското решавање на проблемите е праведен и правичен начин за сите кои работат во јавната администрација.
Не може да зборуваме само за платите на функцинерите. Има луѓе кои работат во јавната администрација кои вложиле во образование, вложиле труд и пари, а добиваат плата блиску до минималната. Имаме и други проблеми, како директори со пет вработени и директори со 200, 300 или 1000 вработени, а добиваат иста плата, рече Кичевски.