„Во Град Скопје јасно се гледаат старите навики на ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата. Бегаат од проблемите и бараат друг да ги решава. Не може централната власт да ги реши сите проблеми на локалната власт“ изјави претседателот на градската организација на СДСМ Скопје, Васко Кичевски во „Клик плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека Владата го реши проблемот со парното греење во Скопје во првите денови од мандатот на Димитар Ковачевски, а локалната власт ја обвинува централната власт и за проблемот со автобускиот превоз, а сега и со безбедноста на средните училишта.
„Не може секогаш кога има проблем, Владата да ги решава проблемите. Локалната власт мора да преземе одговорност и сама да си ги решава проблемите“ рече Кичевски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добија доверба од граѓаните пред една година на локалните избори и поради тоа токму тие се одговорни за хаосот што се случува на сите полиња во Скопје.