• Latest
СЕКОЈ ЧАС СО НОВ ПЛАН Не им е лесно – тие се под силна пресија и од Будим и од Москва

Килави референдумски иницијативи за одржување во политичкиот живот

October 13, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Килави референдумски иницијативи за одржување во политичкиот живот

Издиша балонот на ВМРО-ДПМНЕ, почна да диши и балонот на Левица!

October 13, 2022 15:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
СЕКОЈ ЧАС СО НОВ ПЛАН Не им е лесно – тие се под силна пресија и од Будим и од Москва

СЕКОЈ ЧАС СО НОВ ПЛАН Не им е лесно – тие се под силна пресија и од Будим и од Москва

Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

И Левица по стапките на ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа иницијатива за референдум колку да се оправдаат кај своите гласачи дека направија сè и дека „лавовски“ се борат против европскиот договор со Бугарија, иако од претходно знаат дека нема да им успее „планот Б“.

„Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието“, рече Апасиев, на 7 октомври 2022 кога ја поднесоа иницијативата за референдум, а речиси со идентични зборови се заканил и на 12 октомври 2022 откако Џафери им ја врати иницијативата да ја корегираат. „Иницијативата не е одбиена, таа е вратена на корекција. Спикерот Џафери силеџиски, како да е уставен судија, ни ја врати иницијативата да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние, впрочем тоа и ќе го направиме. „Не смее да се дрзне да ја одбие, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание – тоа не е негова сопственост“, рече Апасиев.

Лидерот на Левица го најави „планот Ц“ (целосна блокада на Собрание), бидејќи знае дека ќе му пропадне „планот Б“ откако на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”.

Меѓутоа, како сите двајца пратеници на Левица ќе го блокираат целото Собрание…?

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 12 октомври 2022 ја врати на корекција иницијативата на Левица за одржување референдум бидејќи барањето не е подготвено во согласност со Собранискиот деловник, а прашањето е несоодветно поставено.

– Испитувајќи го вашето „Барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум“, увидов дека барањето не е подготвено во согласност со одредбите на Деловникот, а особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што, заклучоците не се општ правен акт, закон или устав, истите по негова природа и содржина се став кој ја насочува Владата на Република Северна Македонија во нејзиното постапување, наведе Џафери во соопштението како одговор на граѓанската иницијатива за одржување референдум од Левица.

Претседателот на Собранието воедно побара во предвидениот рок предлагачот да го усогалси барањето со одредбите од Деловникот на Собранието.

– Имајќи го в предвид горенаведеното, а согласно член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, кој гласи: „Ако предлогот на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, претседателот на Собранието, пред да го достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој Деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието, се смета дека предлогот на законот не е поднесен“, која одредба соодветно се применува и за сите други поднесоци. Барам во предвидениот рок, Вашето барање да го усогласите со одредите на Деловникот на Собранието на Република Македонија, наведува Џафери.

Претходно, на 13 септември, Џафери ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прво ја поддржа иницијативата на Левица, а по неколку дена се поколебал изјавувајќи „нека дојде во парламент, па ќе коментираме“, за разлика од отворената и безусловна поддршка од Левица кога ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за референдум која беше одбиена од Џафери.

Издиша балонот на ВМРО-ДПМНЕ, почна да диши и балонот на Левица!

Непобитен е фактот дека Северна Македонија веќе ги започна преговорите со Европската унија, односно ЕУ започна со скрининг процесот, колку тоа и да не им се допаѓа на одредени политички и други структури на моќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ