Кина ги зголеми даноците за увоз на американски стоки на 125 отсто, ескалирајќи ја трговската војна меѓу двете најголеми економски сили во светот, објави Би-би-си.
Пекинг се соочува со давачка од 145% за некои од неговите стоки увезени во САД
Кинескиот лидер Си Џинпинг упати пркосен тон во неговите први јавни коментари за трговската војна, велејќи дека неговата нација „не се плаши“ и ја повика ЕУ да и се придружи на Кина во спротивставувањето на „малтретирањето“ од САД, велејќи дека „нема победници во војната за царини“.
И покрај тоа, Доналд Трамп вели дека сè уште се надева дека ќе обезбеди договор со Пекинг, велејќи дека тие „ќе завршат нешто што е многу добро за двете земји“.
Во меѓувреме, акциите паѓаат, а пазарот на американските благајнички повторно покажува знаци на вознемиреност бидејќи трговската војна добива на интензитет. Долар падна на најслабото ниво во однос на еврото во последните 3 години, додека златото се искачи на рекордно високо ниво бидејќи инвеститорите се собираат во безбедни средства
Трамп призна дека може да има „проблеми во транзицијата“ со неговите политики, но рече дека неговиот тим работи со партнерите на трговските договори.
Д. Мишев