• Latest

Кинески план во 12 точки – мир, замрзнување на конфликтот или…

March 22, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кинески план во 12 точки – мир, замрзнување на конфликтот или…

Кинескиот претседател Џинпинг му донесе „мировен план“ на својот „драг пријател“ Путин. Планот се состои во 12 точки и беше објавен на 24 февруари 2023, точно една година по почетокот на руската инвазија. Во што се состои тој план, а во што украинските и руските мировни предлози?

March 22, 2023 09:51
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кинескиот претседател Ши Џинпинг му донесе „мировен план“ на својот „драг пријател“, воениот злосторник, Владимир Путин. Планот е објавен на веб страницата на Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина. Се состои во 12 точки и беше објавен на 24 февруари 2023, точно една година по почетокот на руската инвазија.

Сега и официјално, кинескиот претседател му го врачи на својот домаќин, сега веќе и меѓународно правно потврден воен злосторник, кој го дочека во раскошните царски одаи во Кремљ.

Мировниот план на Џинпинг

Кинескиот план, во кратки црти се состои во следното:

  1. Почитување на суверенитетот на сите земји.
  2. Напуштање на менталитетот на Студената војна.
  3. Прекин на непријателствата.
  4. Продолжување на мировните преговори.
  5. Решавање на хуманитарната криза.
  6. Заштита на цивилите и воените заробеници.
  7. Одржување на безбедноста на нуклеарните централи.
  8. Намалување на стратешките ризици.
  9. Олеснување на извозот на жито.
  10. Запирање на едностраните санкции.
  11. Одржување на стабилноста на индустријата и синџирите на снабдување.
  12. Промовирање на постконфликтната реконструкција.

Руските евтини „мировни“ трикови

Дали ова е прв мировен план? Не. Русија, од самиот почеток на украинската контраофанзива во август, 2022 година, почна со непристојни предлози што ги нарекуваше „мировни“. Воениот злосторник од Кремљ и неговите соработници бараа статус кво ситуација во која Русија ќе ги задржи териториите што веќе ги окупирала руската солдатеска.

„Секој обид за „замрзнување на конфликтот“, одолговлекување, „прекин на огнот“ ќе значи едно – недовршена војна што тлее во срцето на Европа и постојана ерозија на темелите на глобалната безбедност. Извлечете правилни заклучоци и не користете го зборот „мир“ во ру-интереси“, напиша советникот Михајло Подолјак.

Кратко. Јасно. Точно.

Пред почетокот на украинската ослободителна офанзива околу четвртина од територијата на суверена Украина беше окупирана. Во декември, првиот руски дипломат, Сергеј Лавров и портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во одделни изјави рекоа дека сакаат мир, но под услов да ги задржат анектираните Крим и самопрогласените „народни републики“ во Донбас, што е целосно спротивно на меѓународното право.

Да не се работеше за трагична и разурнувачка војна, тоа ќе беше само уште една комична епизода на недоветни политичари, во стилот на Монти Пајтон. Најмалку што може да се каже за „мировните“ идеи на руската злосторничка банда од Кремљ е дека се евтини трикови.

Мировниот план на Зеленски

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одговори на сите руски „планови за мир“ со разумен и достоинствен план во 10 точки.

  1. Радијациона и нуклеарна безбедност, фокус на враќање на безбедноста на најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорижја во Украина, која сега е окупирана од Русија.
  2. Безбедност на храната, вклучително и заштита и обезбедување на извоз на жито од Украина во најсиромашните нации во светот.
  3. Енергетската безбедност, со фокус на ценовните ограничувања на руските енергетски ресурси, како и помош на Украина во обновувањето на нејзината енергетска инфраструктура, од која половина е оштетена од руските напади.
  4. Ослободување на сите затвореници и депортирани, вклучително и воени затвореници и деца депортирани во Русија.
  5. Враќањето на територијалниот интегритет на Украина и потврда од Русија за тоа, според Повелбата на ОН.
  6. Повлекување на руските трупи и прекин на непријателствата, обновување на државните граници на Украина со Русија.
  7. Правда, вклучително и формирање на специјален суд за гонење на руските воени злосторства.
  8. Превенција од екоцид и заштита на животната средина, со фокус на деминирање и обновување на капацитетите за снабдување со вода.
  9. Спречување на ескалацијата на конфликтот и градење безбедносна архитектура во евроатлантскиот простор, вклучително и гаранции за Украина.
  10. Потврда за крајот на војната, вклучително и документ потпишан од инволвираните страни.

Ова е вистински мировен план. Без оглед на тоа, мудриот украински претседател е спремен да разговара со Џинпинг. Тој ги држи вратите за кинескиот претседател отворени.

Џинпинг, кој доаѓа од држава стара повеќе од 4.000 години, можеби треба барем да одглуми неутралност, па да ја сослуша и втората страна – нападнатата Украина. Досега, колку што е познато, тој разговара само со својот „драг пријател“, злосторникот Путин.

Во што е главната разлика меѓу кинескиот и украинскиот мировен план?

Главната разлика се состои во тоа што во кинескиот план не се предвидува повлекување на рускиот агресор зад меѓународно признатите граници на независна и суверена Украина, од пред првата руска инвазија во 2014 година. Кинескиот план е декларативен и нема конкретни чекори со кои може да се спроведат ставовите поставени во документот.

Воедно, кинескиот план, всушност, повеќе изгледа како обид Кина да се наметне како рамноправен и одговорен партнер во обликувањето на новиот светски поредок во кој Кина ќе ја има главната улога или, барем втората главна улога (по САД).

За „неутралноста“ на Кина може да се прочита кратката анализа Џинпинг, Путин и Студената војна 2.0 во која се опишани кинеските позиции. И мотиви.

Најинтересна е точка 2 од кинескиот „мировен план“ во која се бара „напуштање на менталитетот на Студената војна“. Тоа, всушност, нема врска со руската воена агресија, ниту со Украина, туку се однесува на односите меѓу Кина и Западот. Тоа ја открива болната точка на кинеската политика. Нема врска со војната, ниту со мирот. Се работи за амбициите – финансиски, политички и безбедносни – на кинескиот естаблишмент.

Добредојдовте во Студената војна 2.0.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: Кинамировен планРусијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ