По неколку години прикриени предупредувања, на 4 април кинеската влада постави ограничувања за извоз на седум видови ретки минерали, како дел од нејзината одмазда против првичните 34% „реципрочни“ царини на Трамп за кинески стоки. Новите правила бараат од сите компании да обезбедат владина дозвола за извоз на седумте минерали, како и придружните производи, како што се магнетите, објави Си-ен-ен.
И за разлика од тарифите, тоа е фронт каде Трамп има малку простор да возврати во вид.
Ретките земји се група од 17 елементи кои се позастапени од златото и можат да се најдат во многу земји, вклучувајќи ги и САД. Но, тие се тешки, скапи и еколошки загадувачки за екстракција и обработка.
Со децении, САД и другите земји беа зависни од снабдувањето на Пекинг со овие преработени метали. На Кина отпаѓа 61% од глобалното производство на ретки земји, но нејзината контрола над фазата на обработка е 92% од глобалното производство, според Меѓународната агенција за енергија.
Kинеската доминација на синџирот на снабдување со ретки земји се појави меѓу нејзините најмоќни алатки во обновената трговска војна со претседателот на Соединетите држави. Минералите – кои се користат за напојување на сè, од iPhone до електрични возила – се витални компоненти за видовите напредна технологија што ќе ја дефинира иднината.
Д. Мишев