• Latest

Кичево бара трајно решение за складирање на отпадот!

June 27, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кичево бара трајно решение за складирање на отпадот!

June 27, 2017 15:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Локалните власти на Општина Кичево бараат трајно решение за складирање на градскиот отпад, со изградба на регионална депонија што согласно со сите европски, еколошки стандарди, би го рециклирала најголем дел од сметот од општините во југозападниот дел на Македонија. Ова е одговорот на градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, по реакциите на граѓански новинар од Кичево, којшто неодамна реагираше до ЦИВИЛ Медиа, посочувајќи на овој проблем и на опасноста од потенцијални инфекции, иако веќе две години, со одлука на Општина Кичево, градскиот отпад се депонира во коп на РЕК „Осломеј“, на оддалеченост од неколку километри од градот.

„Општина Кичево работи на оваа проблематика веќе четири години, заедно со Југозападниот регион и со Министерството за животна средина. Имаме иницијатива со градоначалникот на Струга и со другите градоначалници во регионот, заедно да го решиме проблемот. Но, очекуваме одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање. Имаме подготвено физибилити студија за регионот, потенцијални се три локации каде што може да се складира отпадот. А, секоја општина ќе си ги преземе своите обврски во однос на управувањето со отпадот“, вели градоначалникот Фатмир Дехари.

 

Од МЖСПП ветуваат комплетен одговор до крајот на неделава. Но, сепак, потенцираат дека на потег се градоначалниците од регионот, коишто треба да се договорат каде ќе го бараат решението за изградба на регионална депонија.

„Градоначалниците треба да донесат одлука на кој начин ќе се гради регионалната депонија. Дали ќе биде со средства од ИПА-компонентата, дали по пат на јавно-приватно партнерство или пак, регионот ќе ја гради депонијата со сопствени средства. Откако ќе се донесе одлуката, се пристапува кон нејзина реализација“, потенцираат од Министерството.

Дивата депонија во Кичево беше во функција со децении. Жителите коишто живеат во овој дел од градот и денеска стравуваат за своето здравје.

„Точно е дека депонијата не е активна натаму, оваа локална власт веќе две години истура песок врз депонијата и нема веќе чад. Но, целиот тој отпад собиран со години е подложен на распаѓање. Јасно е дека сите тие материи се слеваат во земјата. И сега, секој што има посадено какво и да е растение или градина, цвеќе, тоа се храни од најштетни материи… Не дај боже, да се користат тие производи за јадење. На тоа треба многу да се внимава и да им се посочува на граѓаните, за да си го зачуваат своето здравје“, велат кичевчани.

Моника Талеска

Tags: болестиграѓански новинардива депонијаекологијазаразиинфекцииКичевоМинистерство за животна срединаотпадсмет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ