Книгата „Мојот маж“ на писателката Румена Бужаровска е преведена од македонски на грчки јазик, објави Бужаровска на својот фејсбук-профил фотографија од книгата, на која пишува „превод од македонски“.
Со склучувањето на Преспанскиот договор, во Грција почна да се признава македонскиот јазик.
За потсетување, пред неколку дена Цивил Медиа објави дека минатиот месец Центар за македонски јазик и официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција.
Од Центарот за македонски јазик во Грција тогаш соопштија дека во земјата и де факто е признато македонското говорно население.