• Latest

Кој ги прекрши Уставот и процедурите за Законот за јазиците?

March 17, 2018

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кој ги прекрши Уставот и процедурите за Законот за јазиците?

March 17, 2018 09:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, парламентарните партии и дел од експертската јавност деновиве изнесоа низа меѓусебни обвинувања за тој кој го прекршил Уставот, законите и процедурите при носењето на Законот за јазиците, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик.

Иако најави дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на Указ за прогласување на ваков закон, јавноста сепак во следните денови ја очекува реакцијата на претседателот Ѓорге Иванов на повиците да стави потпис за законот да може да биде доставен до Уставниот суд и Венецијанската комисија.

И по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен Законот за употреба на јазиците, не е израз на демократијата.  Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон. Овој закон е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство врз мнозинството граѓани на Република Македонија. Мнозинството граѓани никогаш не гласале ниту некогаш би гласале за политичка програма во која е предвиден ваков противуставен, анти-државен и суштински неправеден закон, рече Иванов во своето обраќање.

За премиерот Зоран Заев одлуката на претседателот Иванов е „флагрантно кршење на Уставот, но и кукавичлук“.

– Законот за употреба на јазиците нема ништо да промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него, изјави премиерот Заев.

Изрази жалење што претседателот на државата одлучил „буквално да не го почитува Уставот и објави по втор пат дека нема да го потпише законот“.

-Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и секако институциите немаат право да дозволат тоа да се случи. Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлук, вели Заев. Тој смета дека законот треба да се потпише, да се достави до Уставниот суд и Венецијанската комисија, но и јасно да се каже дека во Штип, во Гевгелија, во Струмица не мора никој да зборува албански јазик.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која и покрај тоа што поднесе 35.000 амандмани за Законот не успеа да го спречи неговото носење, обвини дека се прекршени членови од Уставот, од Законот за Собрание… Повторуваат дека на маса е ставен неуставен, неприменлив и штетен закон за двојазичност.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги прекршиле членовите 67 и 75 од Уставот на Република Македонија, членовите 18 и 38 од Законот за Собрание, како и пет членови од Деловникот за работа на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери не овозможил претрес на секој амандман одделно и оневозможил разгледување на законот во третата фаза од читањето, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери по носењето на Законот објасни зошто не овозможил разгледување на амандманите: „Член 173 став 3 точно утврдува можност да се поднесат амандмани, но член 172 од Деловникот упатува дека откако нема да биде потпишан Указот од претсеателот Законот се враќа во собраниска процеура во трето читање. Член 164 став 2 од Деловникот, децидно зборува за фактот дека во трето читање амандмани може да се достава само по делови кои во второ читање биле измените или дополнети со амандмани. Имајќи предвид дека законот во второ читање не претрпи никаква измена и претседателот на Собранието се впушти да го спроведе член 164 став 2“.

За Законот за јазици во неделава што измина се изјаснија и повеќе експерти.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска смета дека прашањето дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го потпише указот за Законот за јазиците е негова одлука, но, оти во оваа фаза не се работи за желба, туку за должност.

Повикувајќи се на Законот за Собрание, таа смета дека претседателот има обврска да го потпише Законот во рок од седум дена.

– Тоа е рокот вакавиот легис времето во кое претседателот треба да се произнесе. Нагласката на должност укажува на тоа дека ова не е моментот за ставање вето на ваков закон особено затоа што за да може да се даде оценка на законот тој треба да стигне пред Уставниот суд, бидејќи според мене времето за реакција на Венецијанската комисија е задоцнето. Во овој момент кога законот по втор пат е донеен понатаму обврската е во рацете на Уставниот суд,  потенцира Лазарова Трајковска.

Според неа, исходот од вакви лоши законски процедури и постапки и, како што рече, носење закони на мускули, во праксата може да биде само пред квалитетен и одговорен суд, кој ќе го гради својот имиџ со содржајни одлуки.

– Исходот треба да биде пред належен суд, се друго е политика и политиканство. Како понатаму ќе се однесуваат политичарите, а политичар е и претседателот на државата тоа е нивно право, меѓутоа кога овој предмет ќе дојде, а треба да дојде пред Уставниот суд тој треба да си го каже своето мислење од аспект на уставноста дотолку повеќе што овој закон, за жал немаше шанса да го добие мислењето на европски и независни експерти, како што е Венецијанската комисија, рече Лазарова Трајковска.

Судијата на Уставниот суд на РМ Осман Кадриу не сакаше да даде оценка дали донесениот Закон за употреба на јазиците е уставен или не, за, како што рече, да не прејудицира евентуална одлука на Судот доколку до него стаса иницијатива за оценување на уставноста. Смета дека согласно Уставот, претседателот на државата Ѓорге Иванов е должен да го потпише Законот затоа што тој еднаш веќе го искористил правото на вето.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ѓорге Ивановзакон за јазициЗоран ЗаевЛазарова-ТрајковскаТалат Џафери
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ