• Latest

Кој ќе ги врати парите?

September 19, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој ќе ги врати парите?

September 19, 2017 00:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Очигледно, дел од владиниот тим на Заев одлично владее со вештини потребни за истражувачко новинарство. Навистина, во текот на изминатите 100 и кусур денови нова влада, јавноста беше “почестена” со многу сознанија за злоупотребите на претходната власт. Злоупотребите на Груевски и неговата дружина се чудовишни, но и неверојатно апсурдни и гротескни. Секако, не помалку профитабилни за мал број луѓе, а на штета на сите. И така, дознаваме дека домашните медиуми добиле 12,5 милиони евра од Груевски за да привлекуваат странски инвеститори! Карамба!

Пишува: Џабир Дерала

Навистина добра сторија. Но, освен што од крими-серијата во режија на владините портпароли дознаваме факти за незаситноста и грабежот, не гледаме реакција на системот, не гледаме посочување на одговорноста. Сè стана некако епски, за сиот криминал е виновен „режимот“, додека архитектите и изведувачите на тој криминал остануваат на слобода, шират омраза и страв, работат со полна пареа да победат на избори… А ние слегнуваме со раменици и гледаме одлична сторија за, сепак, „ситна“ проневера од 12,5 милиончиња кои ги голтнале медиумите.

Знаете, помина сосема доволно време во кое можеше да се препознаат здравите капацитети во институциите и да се земат на одговорност барем дел од тие што краделе, проневерувале и злоупотребувале јавни пари, како што е случајот и со овие „ситни“ пари. Можеше да се направи барем обид да се вратат парите, па да го заличи дисплејот на кој ќе се испишуваат вратените суми, како што вети Заев пред изборите. Дали, по тешката деценија низ која минавме, сега треба да очекуваме години на преџвакување на преживеаното? Преџвакување без заклучница.

Значи, остануваат отворени прашањата: Кој точно е одговорен за тешката злоупотреба на јавните пари во медиумите, дали ќе има истрага, судење, затворски казни и враќање на парите? Важно е и прашањето кој точно треба да ги врати парите. На пример, темелна истрага би морала да следи веднаш по најновиот скандал. Ако произлезе дека Сител или Канал 5 биле дел од заговорот за проневера на тие 12,5 милиони евра, а со тоа и го кршеле законот, (нели?) треба да ги вратат парите, да платат казна и камата. Потоа… Кои пари ќе се враќаат? Можеби тоа ќе бидат парите на медиумските газди – добитници на вртоглави суми и од други, уште поголеми тендери и концесии. Или тоа ќе бидат, можеби, парите од странските донации кои ги добиваат во последно време? Или од новите тендери со новата влада? Или – ништо од сето тоа. Како што изгледа овие денови, ќе биде доволно само да се свртат како сончогледи.

Извесно е дека владиниот новинарско-истражувачки тим ќе продолжи со “спектакуларните” откритија. Циркус кој ќе се емитува токму на медиумите кои претходно ги лапнаа тешките милиони за привлекување странски инвестиции, но и за долгогодишна и безмилосна пресметка со сите што не размислуваа како власта. А сега лапаат и донации од истите донатори заради кои ние бевме оцрнувани како црни ѓаволи и јавно се бараше наша егзекуција. Нешто како да зборувате за чесност среде арамиско гнездо, кајшто се крие украдениот плен.

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (19/9/2017) под наслов „Арамиско гнездо“

фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Tags: ГруевскидонаториЗаевКанал 5пропагандаСителстрански инвестиции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ