• Latest

Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат?

June 15, 2017
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат?

June 15, 2017 14:55
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Без политичка волја на политичките елити во Македонија, невозможно е да се постигне уставно загарантираната слобода на мисла, изразување и уверување, слобода на медиуми, коишто се дел и од други законски и подзаконски акти. Ова е заклучокот од дебатата на презентацијата на проектот „Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат – мерка притвор?“, што во организација на фондацијата „Метаморфозис“ се одржа денеска во ГЕМ-клубот во Скопје.

„Политичките елити досега без исклучок биле заинтересирани да имаат контрола врз слободата на говорот, врз слободниот проток на информации и особено, врз медиумите. Која помалку, која повеќе, а која пак, како што видовме во изминатите десет години, со целосна и апсолутна контрола“, забележа новинарот Теофил Блажевски во своето воведно излагање за затвореноста на македонските институции.

Блажески посочи на слабостите во актуелната регулатива којашто го детерминира истражувачкото новинарство.

„Неопходна е итна и квалитетна промена на законот, итна промена на однесувањето кон информациите и потребата тие да допрат до јавноста од владејачката гарнитура. Потребна е максимална отвореност и достапност и без какво било прашање од кој било новинар“, рече Блажевски, но не ја исклучи и можноста истражувачката сторија да пропадне поради нестручноста и незнаењето на новинарот.

Низ видео презентацијата на трите епизоди од сторијата, координаторот на проектот, Виолета Глигороска посочи на проблемите и пречките на коишто наидуваат новинарите кои работат истражувачко новинарство.

„Ние тргнавме многу амбициозно, со тимот со којшто работевме сакавме на направиме компаративна анализа. Колку барања за притвор се доставени до судот ‘Скопје 1’ од обвинителствата. Колку притвори се доделени, колку се изречени мерки на претпазливост, во колку случаи е изречена мерка ‘домашен притвор’, колку пати е продолжена таа мерка, повторена… За жал, излезе дека тоа е преголем залак и дека бара некое поголемо истражување. Но, имаше и други предизвици. Согласност за изјави во видео-сторијата добивме од поранешни судии, обвинители и новинари, но сегашните се сè уште проблем на ‘ѕидот од тишина’ којшто не успеавме да го пробиеме“, рече Глигороска.

Од оваа дебата беа испратени силни пораки за поголема транспарентност на институциите, за ослободување од трошоци по примерот на други европски држави – при обидот да се дојде до официјални податоци од Централен регистар, коишто согласно со закон, треба да бидат достапни и транспарентни за јавноста, и особено, пораки до новата Влада, со цел во Македонија да се врати истражувачкото новинарство на сцена.

Моника Талеска

Tags: „Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат?“БлажевскиГлигороскаистражувачко новинарствомерка притворметаморфозисслобода на медиумитранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ