Голем број невладини организации, граѓански иницијативи и активисти решија да ја сплотат својата заложба и колективно да делуваат преку „Коалиција за иднината“.
Активностите за кои ќе се залагаат и ќе нудат решенија во иднина се во делот на климатските промени, социјална праведност, работнички права, трошење на јавните пари, урбано планирање на јавниот интерес, отпадот и управување со општествените добра, како реките и езерата.
Токму активистите во последните години преку различни акции и форми се залагатаат за спас на природните ресурси, како што се борбата против на рудниците, искористување на водите за изградба на хидроцентрали, урбаниот хаос во главниот град на сметка на зеленилото.
„Последиците што ги трпиме се големи, затоа е потреба и поголема свест“, вели Ена Утевска од Young friends of the Earth – Македонија по денешниот „Форум за Колективно Дејствување за Системска Трансформација“
„Последиците цело време се случуваат околу нас. Сведоци сме за тоа и на локално и на глобално ниво. Свеста треба да се крева цело време. Треба да направиме конкретни акциски планови за како да стигнеме до тоа што го сакаме. Обединети сме тие што сакаме да работиме на различни делови и сектори од оваа проблематика, да имаме колективна визија за каде сакаме да стигнеме“, вели Утевска.
Петар Клинчарски