• Latest
Војо Маневски

Кодексирање

February 18, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кодексирање

February 18, 2021 12:08
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Кога наутро се будиш и првите сигнали за денот што те очекува ти се вестите на некоја од нашите телевизии, немој да се надеваш дека мирно ќе ти помине остатокот од денот. Ако ништо друго, ќе ти се врти низ главата некоја политичка остроумност. Пратениците не можат да се договорат за заеднички кодекс на однесување. Не си верувале едни на други. А ние наивните мислевме дека на изборите избравме високо образовани личности што  знаењата ги стекнале низ процеси на образување и воспитување, што не им сѐ достапни на големиот дел од нивните гласачи што немаат посетувано високи училишта.

Е сме згрешиле. Тие не се почитуваат како колеги и политички противници, па зошто би ги почитувале обичните граѓани. Ни тие не се надвор од правилата на времето во кое живееме. Мислам дека сѐ уште оваа наша невесела состојба се нарекува транзиција. Како да е тоа некој тунел низ кој поминуваме и во тој тунел веќе не го гледаме светлото од почетниот влез, а излезот сѐ уште е некаква далечна точка што нѐ мами веќе триесет години. Само да не поминеме како во една култна песна за уличната светилка и црната пеперутка.

А сѐ велат започнува во семејството и во училиште.

Ако влезеш во некое наше просечно училиште, во некој поголем провинциски град и сликата ќе ти биде појасна. Најголем број од зградите се од осумдесеттите години и се со модернистичка функционална архитектура. За тоа време потполно прикладни на потребите. На нив веднаш можеш да приметиш колку пати се реновирани аулите, ходниците или самите училници. Некаде се променети и прозорците и вратите, некаде и подот, но во суштина се истите згради од пред децении без ладење и задоволително греење, а задолжително со колективни тоалети и редица чешми за миење раце. Тоа наследивме од минатото, но вистинското прашање е што променивме на добро, колку напредувавме кон современиот свет?

Училиштата имаат портирници каде како по правило седи некој предпензионер што во училиштето дошол на педесетина години, колку да си го отслужи своето до пензија. Некогаш се обидува да стави некаков ред во доаѓањето или одењето на учениците од училиште, ама некогаш медитира дремејќи и се потсетува кога бил самоуправен работник во голема фабрика.

Директорот најчесто е на постојана врска со партиското раководство за да биде во тек со збиднувањата. И разбирливо е при правењето на приоритетите на делување како директор да ги има вистинските информации. А ако има некоја партиска активност и не се појави? Што е сигурно, сигурно е ако навреме се организираш. Штом е поставен за директор го чешла списокот на колегите наставници и гледа при распоредот да не испушти некој заслужен член на партијата  и да го остави со помал фонд на часови. Ни случајно не смее да си дозволи таков луксуз. Се знае дека потоа следуваат партиски седници и поплаки кај шефот на партијата за неговото поведение.

„Каде најде сега нашите да ги оставиш со помали плати – знаеш ли ти колку таа има трчано за партијата?“

Кога тоа ќе го среди со задоволителен ефект ќе мора да се погрижи за политичкиот противник. Да се разгледа како тие се однесувале во времето кога нивните биле на власт. И повторно тешка задача за директорот. Некои му се пријатели од одамна, некои се добри наставници и си ја вршат задачата добро.

„Ама грешни се брат, грешни се, од другата партија сѐ и затоа нема слабост кон никого. Нема за нив семинари и дополнителни часови, тоа гледај да го ставиш само за нашите.“

Наставниците се во неколку групи и често не се во некоја особена љубов меѓу себе. Едната група која е пред пензија и која е во состојба на ветерани од образовната борба со разни реформи во наставната програма и со забрзаната нова технологија што ги прави неуки и неавторитетни пред учениците. Ги бројат годините до пензија и постојано се жалат дека никој не го почитува нивното искуство. Но штом дојде крајот на учебната година веднаш прашуваат за продолжување на работниот век и за следната година.

Објаснувањето е од типот „што ќе се прави дома по цел ден, а и моево искуство сега може да ви биде од корист, сепак зад мене има генерации ученици.“

Другата група е составена од наставници кои се во средина на својот креативен работен век. На работа дошле пред дваесетина години и не сакаат да им се споменува дека добар дел од нив на работа дошле од некој партиски или роднокраен список. Ако не се со амбиција да станат директори, се трудат да ги следат измените во образовниот процес и се посветуваат на работата. Веќе го совладале кодексот на важни личности во градот и се прилагодиле на вреднувањето на учениците според непишаното правило на важност и потребност. Некои повеќе некои помалку успеваат да балансираат меѓу неформалните правила и потребите на наставата и одговорноста кон учениците.

За таков начин на однесување нашиот народ е непресушен извор на таленти  “на кумот кум, на сватот сват и мирно терај си работа“.

Третата група на наставници сѐ од помладите генерации што сѐ уште имаат идеали дека со самото доаѓање во шанса да бидат наставници ќе го сменат целиот образовен процес. И во оваа група има од партиските списоци, но новите генерации имаат подруг систем на вредности. Тоа што така дошле на работа за нив е нормална скала во животот. Меѓу себе се разликуваат според тоа колку биле добри студенти и колку своето студирање го сфатиле како основа за идната работа.

Оние што биле добри студенти нестрпливо се обидуваат да се докажат, да покажат дека на светот постојат нови методи во образованието, се користат нови алатки за настава и светот одамна се изменил од сфаќањата на нивните најстари колеги. Слабите студенти се обидуваат да не се истакнуваат, да не се залетуваат премногу и најчесто се врткаат по партиските канцеларии. Не за друго туку да бидат на очи на директорот, на партиското раководство. Од нив за десетина години ќе се регрутираат новите директори на училиштата.

Можеби и моето согледување е искривено и не ја отсликува реалноста. Но, нешто во целиот процес како да недостасува. Мислам дека тоа е процесот на воспитување на учениците. Воспитување во вистинските вредности на кои почива едно здраво општество. Воспитувањето на децата дека почитувањето на другиот е почитување на себе си. Толеранцијата кон различниот е додаток на сопствените вредности.

Да, да за состојбата во современото семејство се напишани веќе томови научни дела и сите се скоро со иста констатација – полека се распаѓа основата клетка на социјалното живеење. И ако во таа клетка потфрлува во воспитувањето и внесувањето на основните вредности во детските глави во училиштето тоа тешко се надополнува. Ако кон тоа се додаде целата атмосфера која според согледувањата има низа на недостатоци  што треба општеството да очекува од лицата кои станат пратеници. Најголемиот број од нив се родени во средината на седумдесеттите. Како личности се формирале низ димот на балканската крчма со пеење и пукање, а некогаш и со брзо послужување на битните гости, во зависност од потребите. На врвот на партиските листи стасуваат со партиски активности што нѐ секогаш можат да се подведат како израз на способност и чесност.

И сега ни е чудно кога нашите репрезенти за ништо не можат да се договорат. Не можеле да донесат кодекс на однесување во Собранието зошто не си верувале едни на други. А сте слушнале ли да се прави свирка од топола? И да се направи, нема да свири. Свирка се прави само од некои врсти врба и тоа само во пролет.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ