• Latest

Кодексот+ за спротивставување на онлајн говорот на омраза стана дел од Законот за дигитални услуги на ЕУ

January 20, 2025

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Кодексот+ за спротивставување на онлајн говорот на омраза стана дел од Законот за дигитални услуги на ЕУ

Како што соопшти ЕК, ревидираниот Кодекс+, кој се надоврзува на првичниот Кодекс на однесување за спротивставувањето на говорот на омраза на интернет од 2016 година, досега го потпиша Дејлимоушн, Жевидео, Икс, Инстаграм, Јутјуб, ЛинкедИн, Ракутен Вибер, Снапчет, Твич, ТикТок и сервисите за услуги на „Мајкросфот“, со што тој стапи во сила и стана дел од ДСА. 

January 20, 2025 15:26
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомисијата и Европскиот одбор за дигитални услуги го поздравија вклучувањето во Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) на ревидираниот Кодекс на однесување за спротивставувањето на говорот на омраза на интернет, кој ги поттикнува онлајн платформите доброволно да преземаат мерки за справување со ризиците на интернет.

Како што соопшти ЕК, ревидираниот Кодекс+, кој се надоврзува на првичниот Кодекс на однесување за спротивставувањето на говорот на омраза на интернет од 2016 година, досега го потпиша Дејлимоушн, Жевидео, Икс, Инстаграм, Јутјуб, ЛинкедИн, Ракутен Вибер, Снапчет, Твич, ТикТок и сервисите за услуги на „Мајкросфот“, со што тој стапи во сила и стана дел од ДСА.

– Кодексот+ ќе го зајакне начинот на кој онлајн платформите се справуваат со содржините што ЕУ и националните закони ги дефинираат како илегален говор на омраза. Интегрираниот Кодекс на однесување ќе го олесни усогласувањето и ефикасното спроведување на ДСА кога станува збор за ризиците од ширење на илегална содржина на нивните услуги, се нагласува во соопштението.

Извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен ја поздрави „посветеноста на засегнатите страни на зајакнатиот Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги“.

Според неа, соработката меѓу сите засегнати страни е вистинскиот пат напред кон осигурување безбеден дигитален простор за сите.

– Во Европа нема место за омраза, офлајн или онлајн, додаде Виркунен.

Еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите Мајкл Мекграт пак нагласи дека омразата и поларизацијата се закани за вредностите и основните права на ЕУ и ја поткопуваат стабилноста на европските демократии.

– Интернетот ги засилува негативните ефекти од говорот на омраза. Имам намера да работам неуморно за да се спротивставам на говорот на омраза и криминалот од омраза во ЕУ, рече Мекграт.

Тој изрази надеж дека Кодексот+ ќе има свој учинок во обезбедувањето сеопфатен одговор на овие појави.

– Ние се залагаме, целосно, за Европа обединета против омразата, додаде Мекграт.

Сега сите онлајн платформите мора да го почитуваат Кодексот+ и нивната усогласеност со обврските што произлегуваат од него ќе биде дел од годишната независна ревизија на работата на интернет сајтовите согласно одредбите на ДСА.

Комисијата и Одборот ќе го следат и оценуваат остварувањето на целите на Кодексот+ и нивните препораки, како дел од континуираното следење на усогласеноста на платформите со постоечките правила на ДСА.

Фото: ЕК

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ