• Latest

Кога ќе завладее бескрајна тапост…

February 4, 2019

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога ќе завладее бескрајна тапост…

February 4, 2019 09:53
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето се разочаруваат кога довербата ќе биде изневерена еднаш, два пати. Кога политичките елити постојано лажат и крадат неказнето, тогаш разочарувањето, гневот и револтот ги заменува една бескрајна тапост. Бесчувствителност. Луѓето се одвојуваат од реалноста и формираат меури во кои живеат од ден за ден, реагираат како еж, се собираат пред опасноста и ги исфрлаат боцките кон замислената или вистинската закана. Во останатото време вегетираат. Спијат без сон, јадат без апетит, се движат без компас. А зошто и би имале компас во беспаќето?

Џабир Дерала

Секој ден се прашувам: Од каде ли да почнам со „рафалот“? Предолго ја гледам оваа македонска голгота доведена до баналност. И смртта и болестите, страдањето и плачот, заминувањата во секоја смисла на зборот… Сето тоа стана една огромна, непрегледна пустина во која човек се снаоѓа само ако се исклучи. И често, пречесто, се смеам, постојано гледајќи репризирани и македонизирани верзии од „Житието на Брајан“ (Монти Пајтон, да ве потсетам). Пред некој ден, со еден новостекнат пријател, прекрасен дух, (за себе вели дека е Југословен), се согласивме дека Македонија е налик на Цвеќарницата од стрипот „Алан Форд“ („Кој мечтае, се тресе. Кој се тресе, мечтае или му е ладно“ – еден од вечните цитати на овој легендарен стрип).

Ајде, сериозно, од каде да почнам? Со бурлеската од судство или со трагикомедијата од евтино пазарење меѓу самопрогласените политичари. Постојано се колебам што е подолно – уцените од „портирите“ или од коалиционите цицачи… Да погледнам во неизмерната мрза и ароганција или во разбојниците чии усти се полни со… (знаете веќе што), а го претставуваат како патриотизам. Или да се закачам за карикатурите од политичари и политичарчиња што немаат капацитет ама баш за ништо? Не ги бива за ништо, ама лежат на милиони, исцицани од нашите фрижидери, што преку кражба, што преку закони што може да се донесат само во дисфункционална држава…

Од каде да почнам? Или подобро прашање е: Од каде почнува и завршува сѐ? Избори, другарки и другари. Со изборите започнува сѐ и завршува сѐ. И како изгледаат тие лоши претстави за рамнодушната маса?

Ајде, еден краток, брз пресек… Сѐ уште нема разрешница од три и пол милионската дупка во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ од предвремените избори во 2011. Нема судска разрешница на процесите што ги започна СЈО, Титаник 1, 2 и 3 за изборните кражби во 2011, 2013 и 2014 година.

Само во периодот 2013-2018 бев вклучен во изработката на извештаи од мониторингот на изборните и политичките процеси објавени на повеќе од 1.200 страници во повеќе публикации, не сметајќи ги текстовите објавени овде. Стотици документирани случаи и сведоштва за кршење на гласачкото право, поткуп, кражби на гласови, противзаконско работење на изборната администрација, фантомски гласачи, црна пропаганда, закани, уцени, притисоци, насилство, криминал, скандали…

Извештаи, анализи, препораки до влада, парламент, институции, партии, медиуми… Изјави, интервјуа, семинари, обуки, штандови, разговори и препирки… Сега пишувам еден опширен извештај за тоа што научивме и што не научивме од Референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор и сѐ што следеше потоа. И, што со тоа? Навистина, што со сето тоа?

Изгледа, ништо.

Полека, сите сфатија дека изборите се голема и скапа фарса, една лакрдија, не секогаш забавна, поигрување со тоа што може да биде демократијата, а не е и не ветува дека ќе биде. Со сите постапки што ги видовме и сите последици што ги претрпевме како општество, по сите тешки политички, па и безбедносни земјотреси што ги преживеавме, изгледа дека не ни останаа многу причини да ги сфаќаме политичарите и политиката сериозно. Исто како што тие не ги сфаќаат луѓето сериозно.

Со сите усилби на малкуте искрени луѓе (замислете, сѐ уште верувам дека ги има) во јавноста, политиката и институциите, со сите совети, помош во пари и експертиза од странство, со сета грамада од домашни експерти (но и фолиранти), не успеваме да се справиме со валканата политичка згура насобрана низ децениите, проткаена со силното влијание на странските агентури од Истокот. Не успеавме од мрза, неспособност, наивна желба за компромис или од нешто сосема друго. Не е важно, бидејќи е подеднакво штетно за здравјето.

И наместо да ги кренеме на вербални и правни клоци тие лингури и неранимајковци што проголтале чип со пароли од Средниот век, па и нив лошо ги интерпретираат, ние ги третираме како фактори и им даваме простор во политиката, медиумите, животот… Ма, ајт…! Кај мене не поминуваат!

 

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Фотографија од Авторот: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share95Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ