• Latest

Кога лисјата паѓаат во Чашкa

December 15, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Кога лисјата паѓаат во Чашкa

December 15, 2023 12:00
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ

„Национализмот е инфантилна работа. Тоа се мали сипаници на човештвото“. Ова не го кажал некој обичен смртник од ќошето на некоја чајџилница, пиејќи чај, додека ги гледа нашите стерилни телевизиски дебати кои се, всушност, медиумски шунд и кич, отколку што служат за јакнење на јавната свест и промовирање на цивилизациските вредности. Ова не го кажал ниту некојси политички профитер кој одлуките ги носи ad-hoc, како ќе му текне, ниту некој од тие на кои државата му го нема дадено заслуженото, па гневен решил да ја напушти.

Ова е мисла на Алберт Ајнштајн, познатиот научник, кој од прва рака го искусил животот во една средина во која општеството е нетолерантно кон малцинството.

И токму ова го гледаме кај нас, иако со големо неверување дека може да се случи во 21 век, ама ете сепак ни се случува, се организираат протести на граѓани од мнозинската етничка група против нивните сожители од помала етничка група. И за што? Да ги спречат да учат во училиште, само поради тоа што зборуваат различен јазик од нив. А тоа што највеќе запрепастува е гневот кој може да се види на лицата на луѓето кои станаа на протестот против  паралелка на албански јазик во Чашка.

Ова е некое си déjà vu, ме потсети на студентско-средношколските протести од ‘97 година против преминувањето на Педагошката академија во Скопје во факултет, и си викам – дали тие протагонисти беа навистина „загрижени“ дека се гази Уставот, дека со устав било забрането Албанците да имаат факултет на мајчин јазик, како што тврдеа студентите демонстранти, или нивната борба беше да се етаблираат политички, што на крајот на денот им успеа – денес сите тие имаат изградено солидни политички кариери.

Ден денес ги гледаме по телевизиските екрани, ни продаваат магла промовирајќи држава само за нив прифатлива, не за сите.

Историјата ни се повторува, по повеќе од 25 години, со истото сценарио, ни се случува Чашка, бидејќи според претседателот на советот на родители на ОУ „Тодор Јанев“, тие не протестираат против формирањето на паралелката на албански јазик, туку поради тоа што се прекршени процедурите, но уште поинтересна е изјавата на градоначалникот на општина Чашка.

-Како градоначалник на Општина Чашка сметам дека секое дете согласно Уставот во Република Северна Македонија треба да си учи на својот мајчин јазик. Истото го поддржувам и стојам зад тоа, но во рамките на законските регулативи. Доколку отворањето на оваа паралелка е според закон, немаме дилема. Но протестите на граѓаните кажуваат нешто друго и затоа замолувам Министерството за образование и ресорните институции да ги проверат актите и да постапат согласно Законот. Исто така, го охрабрувам МОН и министерот, што побрзо да изнајдат решение со цел 150 ученици да не бидат надвор од училишните клупи, како што се случува, за жал, повеќе од 3 недели – изјави градоначалникот Стојановски за „Слободен печат“.

Сè е во ред со оваа изјава до делот – „но протестите на граѓаните кажуваат нешто друго и затоа замолувам Министерството за образование и ресорните институции да ги проверат актите и да постапат согласно Законот“. Тоа може да значи дека во нашава држава институциите можат да ги газат законите, ако се соберат неколку луѓе и протестираат против нив. Ова не е ништо друго, туку легитимирање на газењето на законот и јавниот ред и мир.

Сега го прашувам градоначалникот, дали Уставот е повисок акт или протестите на група луѓе? Како тој мисли, во својство на градоначалник, да живее заедно со Албанците од општината? Што има намера да прави со овие луѓе, кои бараат нивните деца да учат на својот мајчин јазик!?

Колку и да се наивни овие прашања, се надевам дека ќе добијам одговор.

извор: Градска. мк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ