• Latest

Кога лекциите не се научени

February 27, 2018
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Кога лекциите не се научени

February 27, 2018 12:20
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Многумина очекуваа дека локалните избори во Македонија (октомври 2017) ќе означат вовед во друг вид на процеси, каде гласачите конечно ќе го заземат своето заслужено место – да гласаат без заплашувања, без коруптивното однесување на центрите на моќ, почитувани како поединци со слободна волја… Многумина имаа голема надеж дека институциите конечно ќе започнат да си ја вршат својата работа и дека злоупотребата на јавните ресурси ќе ја остават зад себе. Меѓутоа, ваквите надежи беа залудни. Во последните изборни процеси, по реформите од кои многумина очекуваа многу повеќе – се појавија нови и грди изненадувања. Навистина, некои чекори беа преземени, некои цели се постигнати и некои нови практики се забележани, но сé уште далеку од доволно за да се каже дека е направена сериозна промена.

Пишува: Џабир Дерала

Локалните избори 2017 беа исклучително значајни за сите политички партии, како за македонските, така и за албанските етнички заедници. Претстојните избори требаше да донесат (и тоа и го сторија!) бројни предизвици за општеството и политичките процеси, кои остануваат кревки и несигурни. Сите политички партии имаа огромен интерес да ја освојат власта на локално ниво. Доминацијата на локално ниво ги зајакна или олесни политичките аспирации на национално ниво, вклучувајќи ги и барањата за други предвремени парламентари избори. Локалните избори ги зајакнаа или ослабнаа раководствата на политичките партии, зависно од изборниот успех. СДСМ доби огромна моќ, но сепак далеку од нивото на моќ што ја имаше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години. Како и да е, околностите се променија, иако новата реформистичка влада на Зоран Заев се соочува со секојдневни предизвици. Повторно, меѓу главните предизвици за локалните избори беа меѓуетничките и меѓу меѓуверските прашања.

Прашањето на бегалците доби внатрешна политичка димензија која е тесно поврзана со меѓуетничките и меѓуверските односи во земјата. ВМРО-ДПМНЕ ги искористи потенцијалите на прашањето на бегалците за влошување на состојбите во голема мера. Се користеше национализам, ксенофобија и омраза по верски и етнички линии како силна и валкана алатка за водење кампања. Имаше повик за четиринаесет локални референдуми против бегалците, во време кога беа регистрирани само тринаесет бегалци во земјата. Но, и покрај тоа, СДСМ имаше огромен изборен успех, во исти размери како на локалните избори во 2013 година, кога ВМРО- ДПМНЕ освои огромен дел од општините; избори кои се оспорени поради огромната злоупотреба на моќ, структурно насилство и изборна измама.

Сето ова беше придружено од тешките последици на невиденото насилство во настаните од 27 април, кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ очигледно командуваше со упадот во Собранието, кога напаѓачите го загрозија животот на неколку пратеници и политички лидери. Овa е време кога национализмот е во подем, по прашањата во однос на политичките барања на Албанците за унапредување на службената употреба на нивниот јазик. Избирачкиот список не беше успешно ревидиран, иако беше малку подобрен. Злоупотребата на јавната администрација и ресурсите е намалена, но не доволно. Граѓанскиот простор продолжи да се стеснува, со што се намалуваат можностите за граѓанско учество и ангажман. Ова беа околностите кои ја следеа земјата во нејзината потрага по демократија и кои ги придружуваа подготовките за локалните избори закажани за октомври 2017 година. Јазот, меѓу она што е потребно за создавање фер и инклузивен процес и она што е постигнато, е длабок и широк. За еден ваков процес да се вкорени, потребна е соодветна употреба на инвестициите (човечки и финансиски ресурси, време и ниво на политички и општествен ангажман), кои на институциите релевантни за изборните процеси им се обезбедија, но сé уште не сме виделе испорака на квалитетни резултати. Потребно е институциите да направат вистински достигнувања, да се оствари и повеќе од јавно ветеното. Потребно е да видиме институции и лидери кои ја користат легислативата како патека кон усовршување, а не како изговор за пасивност и само делумна имплементација на реформите.

Процесот на реформи на Државната изборна комисија (ДИК) успеа да ја зајакне надежта на граѓанките и граѓаните и на организациите на граѓанското општество кои работат во доменот на изборите и гласачките права. Но, во реалноста, изборната администрација, предводена од ДИК, во текот на изборите беше само уште една институција која беше причинител и сторител на нерегуларности. Сепак, и покрај реформите кои беа дел од Договорот за надминување на политичката криза, склучен во 2015 година, ДИК не успеа да се издигне над дневно-политичките потреби на партиите чии лојални претставници се, всушност, во јадрото на оваа институција. Меѓународната и домашната поддршка за реформите на ДИК во однос на пари, време и експертиза беше огромна. Но, ништо од тоа.

Да, наместо институција која максимално го обезбедува правото на глас, ДИК стана генератор на повредата на правото на глас. Уште повеќе, во текот на постапките за поднесување приговори од поединци и политички партии, институциите, почнувајќи од ДИК и завршувајќи со Управниот суд, сите заедно, одиграа неславна улога во изборните процеси во 2016 и 2017 година и не успеаја да профункционираат како “реформирани“ институции. Неодамна, по истражувачките активности на ЦИВИЛ и други ентитети, вклучувајќи го и амбасадорот на САД, јавноста дозна за коруптивните практики и злоупотребите на оваа институција, по што членовите на ДИК си дадоа оставка, оставајќи ја институцијата обезглавена и озлогласена. Кратко и јасно, оваа институција (ДИК), веројатно беше најдлабокото разочарување за сите, вклучувајќи ги и вработените во самата институција, според тоа што го дознавме од свиркачите.

Извештаите и анализите на ЦИВИЛ ќе покажат неприфатливо огромен број нерегуларности предизвикани и дозволени, па дури и потпомогнати, од страна на изборната администрација: ниско ниво на обука и знаење и мошне проблематично ниво на професионален однос и посветеност. ДИК покажа дека не е имуна на сурова политичка контаминација и крајна ароганција, како и скандалозна злоупотреба на јавни средства. Сé што можеше да тргне наопаку со изборната администрација, всушност и се случи. Некои навики навистина тешко се искоренуваат. Политичките партии едноставно продолжија со нивните практики на злоупотреба. Евидентна беше политичката корупција од политички партии од сите страни на политичката палета, вклучувајќи ја и новата владејачка коалиција на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ направи повеќе обиди да ја злоупотреби својата моќ на локално ниво и играше на картата на национализам и шовинизам. Тие обиди, без разлика колку многу се трудеа, беа прилично штетни, иако неуспешни на крајот. Општиот заклучок од изборното набљудување на локалните избори 2017 година, како што беше и известено веднаш откако заврши процесот, е дека изборите беа слободни.

Земјата имаше слободни избори, за прв пат после многу долг период. Но, беше процес кој што беше многу, многу далеку од совршенство. Напротив. Набљудувањето бележи случаи на насилство, говор на омраза, политички притисоци и заплашувања, но со помал интензитет споредено со претходните избори. Се намалија случаите на поткуп, но сé уште ги имаше. Набљудувачите забележаа зголемен број на случаи на семејно и групно гласање. Имаше и некои подобрувања. Намалена беше злоупотребата на институциите, според извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ, иако се потребни уште многу подобрувања. Однесувањето на полицијата, што беше посебен фокус на набљудувачите на ЦИВИЛ, веќе бележи големо подобрување уште од предвремените парламентарни избори во 2016 година; сепак, и во тој домен има голем простор за понатамошни подобрувања. Злоупотреба на институциите во сферата на социјалната заштита, речиси и да нема. Агенцијата за вработување и центрите за социјална помош не беа користени како алатки за политички притисок и корупција за време на локалните избори во 2017 година, како што беше тоа случај во минатото.

Иако во овој момент се чини како далечна и неостварлива цел, мора да инсистираме правото на глас да е во основата на изборните процеси ширум светот и во нашата земја. Правото на глас е фундаментално човеково право. Универзалната декларација за човековите права (1948) како и современото меѓународно право го регулираат ова право како фундаментално право на секој човек на оваа планета. Секоја демократска држава во светот има обврска да воспостави општо и еднакво право на глас за сите свои граѓани. Мора да инсистираме изборите да се главниот столб и највисоките вредности на демократија, а државата и институциите во секоја земја да имаат ултимативна обврска да го обезбедат правото на глас на секој граѓанин. Избраните претставници во законодавните домови, назначените лица во институциите како и политичарите воопшто, се обврзани да им служат на интересите на заедниците и поединците во земјата. Впрочем, тоа е, исто така, основната цел на изборните процеси, во кои кандидатите, независни и оние на политичките партии, се натпреваруваат пред гласачите со своите политички програми и ветувања за подобрување на животот на луѓето и за спроведување на демократските стандарди, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи.

Меѓутоа, дознавме, за време на теренските активности, дека политичките партии и кандидати продолжуваат да се обидуваат да дојдат до гласови преку ветувања за работни места за лојалните следбеници, па дури и имунитет од официјалните системи на одговорноста. Граѓанското образование за правото на глас претставува една од обврските на институциите, а особено на медиумите. Без слобода на медиумите, не можеме да очекуваме слободни избори! Изборна администрација во која се има доверба, како и сигурен Избирачки список, претставуваат уште еден предуслов за легитимен и слободен изборен процес. Ослободување на граѓаните од стравот и принудата, решително дејствување против политичката корупција и злоупотребата на јавните ресурси и администрацијата се суштински значајни за одржување слободни избори во земјата.

Граѓаните мора да го имаат централното и најзначајното место во изборниот процес. Државните и локалните институции, администрацијата, организациите на граѓанското општество, медиумите, а особено политичките партии мора да бидат во служба на гласачите, а не обратно (никако!). Легитимноста на власта се црпи од степенот на легитимност на изборните процеси. Тие, едноставно, мора да бидат слободни.


„Кога лекциите не се научени“ е предговор кон публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“, која ЦИВИЛ ја претстави пред јавноста на 15 февруари 2018 година. 

Публикацијата можете да ја преземете ТУКА. Преобјавување на публикацијата или делови од неа не се дозволени, освен со писмена дозвола од издавачот. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: локални изборипредговорЏабир Дерала
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ