• Latest

Кога малите политички партии сакаат да се покажат

March 2, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога малите политички партии сакаат да се покажат

March 2, 2021 15:34
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ 

Демократски е, но исто така и согласно Уставот и Законот за основање политичка партија, дозволено е да има голем број на политички партии во нашата држава, слично како и во регионот и пошироко. Секако дека не е спорно и од едно движење, идеја, организација, група, истомисленици и др. да се дојде до формирање на една мала партија која сака да порасне во голема.

Кај нас е малку различно, најпрвин поединци и група се делат од големите партии поради несогласувања, незадоволство и ред други причини, и така со потребните собрани потписи си формираат партија и ќе се потрудат да дојдат до гласачите, и на крај  поради “неуспехот” за собирање  голем број членови, да си коалицираат со големите партии и врз нивен грб да стекнат пратенички мандат. А понатаму сакајќи да се докажат пред гласачите, и пак да се испробуваат на избори, ќе се делат од нив, мислејќи дека ќе добијат повеќе и на крај не знаат каде да се жалат за поразот, барајќи ја вината пак кај победникот и некако се губат во сопствен лавиринт.

Се шират гласини, колку се точни не знаеме, слушаме и читаме дека помалите политички партии ќе се делат од коалициски партнери и ќе трчаат сами на локалните избори, нормално, пак да се покажат дека можат, а според сите резултати од повеќе изборни циклуси во Република Северна Македонија е докажано дека не можат да го поминат ниту “прагот”.

Која е нивната цел не ја знаеме точно, секој си има своја цел за да стигне до успехот. Идејата е нивна, сценариото исто, но прашањето е дали ќе се успее или не. Секако дека никој не ги успорува, а најмалку ќе земеме за право да им кажеме дека не треба така да постапат. Македонија е демократска земја и се почитуваат демократските вредности на секоја политичка партија, нивните членови, симпатизери итн. Граѓаните, односно гласачите се тие што на денот на изборите ќе го дадат својот глас, и Државната изборна комисија по добиените конечни резултати ќе ги објави победниците на градоначалничките места и листите на советот.

Фер би било после изборите да се пребројат меѓу себе, и потоа дали пак да коалицираат за наредните избори или да стават клуч на “вратата” партијата. Поради тоа што имаме често избори и знаеме од резултатите и аналитиката, кој што и до колку може да стигне и да придонесе.

Да се потсетиме дека, внатрешната политика е специфична употреба во контекст што подразбира дека секогаш има многу повеќе од она што го исполнува окото.

Најдобро би било, и очекуваме сите, особено, да заврши барем еднаш еден комплетен четиригодишен мандат на Власта, за народот после тој поминат мандат да видат колку е постигнато од програмата. А дали ќе се поддржат или не на следните избори, тоа е веќе друго прашање.

Многу прашања остануваат нерешени и секогаш се крати програмата на партиите победници, без да го завршат мандатот поради барањата за предвремени парламентарни избори. Исто така за буџетот на државата е голем  терет, а не е веќе фер за нас да не дојдеме на почетната плата од 500те евра.

А ние некако се изморивме од избори и веќе е ред еднаш да се дојде до исполнување на ветеното.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ