• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога орлите ќе слетаат на крстовите?

December 11, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога орлите ќе слетаат на крстовите?

December 11, 2019 07:24
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Дека Законот за употреба на јазиците е неопходен и лошо направен, тоа го знаеја сите уште дента кога се усвојуваше. Во некои членови е неспроведлив, во други е недоречен или конфузен. Поминавме низ тие детални расправи уште тогаш.

Некои од слабостите сега ги потврди и Венецијанската комисија. Тогаш и се рече: нека ги каже Венецијанската комисија забелешките, па ќе направиме дополнителни усогласувања според нив. Тоа се вика „нормален демократски процес“, во консултации со сите засегнати политички страни.

И зошто сега повторно драма, со неодмерени изјави и нервозни реакции?

Па, затоа што доаѓаат избори. А во Македонија, традиционално, нема ниту една поубава изборна тема од онаа за давање, земање, остварување, ограничување, освојување, узурпирање, гарантирање, бранење или загрозување на македонско-албанските национални права. Има една цела медиумска галерија „македонисти“ специјализирани за пригодни изборно-референдумски етно-кукумјавки. Кај Албанците, пак, секогаш кога ќе се спомнат националните права во предизборие, Артан Груби веднаш станува за некој степен погорд предводник на „Шверцерите“, а Бујар Османи експресно влегува во интелектуален националистички „овердрајв“… Избори, брате, што да се прави.

А јас и понатаму мислам дека, без разлика што Законот за јазиците ќе мора да оди на „ремонт“, неговото спроведување нема да доведе до никакви драматични промени на нашето мултиетничко секојдневие. И во тоа е проблемот: тоа секојдневие би можело да биде многу подобро од ова што е, како растечки паралелен живот на двете најголеми културни и религиски заедници во државата. Ние со паметот и со политичката практика на оваа тема сè уште сме во втората половина на 20-тиот век, а не ги уважуваме дури ни модерните технологии кои би можеле евтино и ефикасно да ни олеснат некои од проблемите.

За тоа да се промени на подобро, меѓу другото, потребна е многу поагресивна улога на државата со стимулации на интеркултурата, а не само со регулација и казни за непочитување на културата. Долга е тоа приказна, СДСМ од неа крена раце кога, уште пред и да почне, го напушти операционализирањето на наративот за „Едно општество за сите“. ДУИ во тој наратив никогаш и не верувало, па направи сè тивко да го погребе.

И затоа и понатаму пред секои избори ќе си ги активираме „орлите“ и „крстовите“, па ќе си водат меѓусебни дебати, па ќе се провоцираат и расправаат, може и да се потстепаат, по потреба… Орлите ќе облетуваат околу крстот, со крстот ќе се мавта за да се растераат орлите… И така. До следните избори.

 

П.С. Ги молам сите читатели на овие колумни на мојата или на која било друга страница на Фејсбук каде што тие се пренесуваат да се воздржат од навредливи коментари под она што го пишувам. Проблемот е најмал кога навредите се однесуваат на мене, но секако е неприфатливо кога се однесуваат на лица кои ги спомнувам во колумните. Вашите бројни реакции се добредојдени, но пристојноста, без исклучоци, мора да се задржи. Бидејќи јас не сум во никаква трка по лајкови или по високи бројки на читаност, оние малкумина кои сакаат да навредуваат ги молам да се пренасочат на други содржини на социјалните мрежи бидејќи, за жал, просторот за тоа е безграничен. Благодарам.

 


Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ