• Latest

Кого штитат и за кого работат уставните судии?

April 25, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кого штитат и за кого работат уставните судии?

April 25, 2018 15:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата О2, Здруженијата на граѓани „Карпош 3“ и „Ние сме Карпош 4“ на 4 мај ќе одржат протест пред Уставниот суд за решавање по претставките веќе доставени до судот по одредени ДУП-ови.

Во нивниот повик се вели дека не се запира со изградба на станбени објекти на спорните локации ДУП З 06 (Тафталиџе 1), ДУП З 04 (помеѓу Илинденска и р. Вардар, од поранешен Имес до Александар Палас),  ДУП З 05 (Лептокарија, поштата… Карпош 3) и ДУП СЗ 19 (Влае 2).

„За сите  ДУП- ови, на почетокот на минатата есен, поднесени се иницијативи пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на донесување на ДУП-от. Беше побарано од Уставниот суд да донесе и времена мерка за запирање на сите активности до носење на конечна одлука. Времена мерка Уставниот суд не донесе, ниту пак поведе постапка за трите од 4-те иницијативи, иако случајот е јасен“, велат организаторите на протестот.

Тие ги обвинуваат судиите чии предмети се овие иницијативи за арогантно и криминално однесување, а од Владата бараат во најбрз можен рок да спроведе соодветни измени на законите според кои  работата на уставните судии ќе подлежи на контрола, со јасни казнени одредби, каде ќе има рокови во кои ќе мора да одлучат по примените предмети, во спротивно ќе бидат разрешени.

„Јасно е дека уставните судии не работат согласно нивната функција да го штитат Уставот, туку работат за некого и штитат нечии други интереси. Во нормална земја овие судии не би биле судии и правото да судат и носат правда би им било трајно одземено“, стои во повикот.

„Прашањето е Зошто? Потребните информации се одамна добиени. Истите судии знаеле да одлучат по поднесена иницијатива во експресен рок, за помалку од месец дена. Но, во овој случај, одлучиле да ги остават по страна и не постапуваат по нив. Кај нас, работите си течат како да е се’ регуларно, иако не е, судиите не понесуваат одговорност, иако треба, нема никакви последици по нив, никој не е разрешен поради вакво однесување, а треба“, велат организаторите.

Причината за протестот е што Општина Карпош не ја објавила одлуката за носење ДУП со што постапката не е во целост запазена и како што велат организаторите со тоа се повредува начелото на владеење на правото како темелна уставна вредност.

Б.Ј.

Tags: ДУПздруженија на граѓаниКарпошПротестсудииУставен суд
Share31TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ