• Latest

Кои се начините и критериумите за аплицирање на општините за инфраструктурните проекти вредни 250 милиони евра

September 6, 2024
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кои се начините и критериумите за аплицирање на општините за инфраструктурните проекти вредни 250 милиони евра

September 6, 2024 13:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата објави јавен повик на кои општините може да аплицираат за инфраструктурни капитални проекти. Со овие пари, соопштија од Влада ќе се реализираат нови градинки, училишта, улици, атмосферски и фекални канализации, спортски сали, водоводни мрежи и други проекти.

„Овие проекти во вредност од 250 милиони евра се достапни за сите граѓани и ги повикуваме сите општини да аплицираат на јавниот повик“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Јавниот повик, кој може да се најде на веб страницата на Министерството за локална самоуправа ги соддржат потребните информации за општините како подносители на проекти.

Начин и рок на аплицирање

Заинтересираните корисници ги поднесуваат апликативните формулари (линк) до Министерството за локална самоуправа – Комисија за постапување по овој јавен повик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавување на овој повик. Комисијата врши прибирање на апликативните формулари кои што заинтересираните корисници ги доставуваат до Министерство за локална самоуправа.

Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават до надлежното министерство во рок 10 дена од денот на доставување на апликативниот формулар до Министерството за локална самоуправа.

Критериуми

Во зависност за како инфраструктурен проект се работи, општините критерумите што како апликанти треба да ги исполнуваат можат да ги најдат на веб страниците на ресорните министерства: Министерство за транспорт, Министерство за социјална политика,, демографија и млади, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука и Министерство за спорт.

Независно каде ќе сака општината да аплицира распределбата на средствата министерствата ќе ја вршат според два критериуми:

-Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија.

-Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со реведирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.

Проверката на комплетност и валидност, селекција на проектите ќе ја изврши евалуационата комисија и ќе достави предлог за избор на проекти за финансирање до соодветно министерство, односно министер. Министерствата ќе достават предлог Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година до Владата на Република Северна Македонија. По донесување на одлуката должни се веднаш да ги доделат договорите за капитални дотации.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ