• Latest

Кој ги тркала Ромите?

June 13, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кој ги тркала Ромите?

June 13, 2018 18:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Односот на македонското општество кон Ромите може да се види и од односот на институциите, претставниците на власта и политичарите кои не успеаја да соберат доволно храброст и доблест да бидат дел од панел дискусијата „Кој ги тркала Ромите“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во рамки на проектот „Слободни медиуми за слободно општество“.

„За жал, не се присутни претставници на политички партии кои се дел од Работната група за застапување на правата на Ромите, иако беа поканети. Најверојатно имаат побитни работи, на пример купување костуми за бајрамска вечера. Јас се извинувам во име на ЦИВИЛ што нема да ги чуеме и нив. Господинот Самка Ибраимовски, иако прифати да учествува на панелот, до овој момент не ни одговори зошто не е присутен. Од МТСП добивме само одговор дека ја примиле пораката за дискусијата, но и од нив, до овој момент, немаме никаков одговор“, рече модераторот Дехран Муратов, на самиот почеток на дискусијата.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ

„Проблемите со кои се соочува ромската заедница се навистина тревожни и траат со децении. Во оваа прилика треба да бидеме сосема директни, како што беше и колегата Дехран, и да ги симнеме сите огради кои би се однесувале на тоа да не повредиме некого или нешто. Човековите права се на врвот. Тоа е она што нас нѐ прави луѓе… Ромската заедница во Македонија е корисник на стотици милиони странски валути во рамки на Декадата на Ромите, во разни програми на големи и мали фондации, во програмите на невладините организации за човекови права и низа други институции во општеството… Наше сознание е и утврден е фактот дека многу малку или речиси ништо не е направено со тие огромни средства одвоени за подобрување на правата на ромската заедница. Таа Декада на Ромите не допре до огромен број на корисници на кои им требаше оваа помош. Тоа е проблем не само на донаторите, но и нивен секако, како и на крајно корумпираната политичка клика која себеси се доживува како политички претставник на Ромите. Тоа е само уште еден показател за корумпираноста во државата“, изјави Џабир Дерала.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Акиф Кариман преку примерот со протестите на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, укажа дека не се потребни пари за да се направи тоа што е правилно. Во однос на невладиниот ромски сектор, Акиф истакна дека има иницијативи, но оди тешко затоа што секогаш има разни струи и секој ги брани своите интереси. За злоупотребата на ромската заедница во политички и изборен контекст, додаде дека нема Роми на позиции каде реално можат да придонесат за промени на статусот на ромската заедница.

Акиф Кариман, Романо Авази, Тетово

„Веројатно е до капацитетите на политичките партии, но и до недовербата на Ромите како електорат и до сознанието дека лесно можат да ги добијат нивните гласови на изборите. Иако има закони, тие не се спроведуваат“, смета Кариман.

Аљуш Еминов, во име на бездомните граѓанки и граѓани, истакна дека  проблемот не трае две години, тој постои повеќе од 27 години, на различни локации во различни градови.

Аљуш Еминов, бездомник

„Проблемот не е решен затоа што државата не нѐ гледа како народ, како луѓе. Имавме една мала надеж, тронка надеж, кога ни ветија дека работите ќе бидат на подобро. Ова што сега се случува е копи-пејст на претходното. Ни ветија бараки во Визбегово и нормални услови за живот… Потоа, излезе дека требало да ги исполнат условите односно да живеат 5 години под Кале за да може да ги вдомат… Може да се манипулира со седум семејства сместени во домот ‘Ранка Милановиќ’, но нас нѐ има многу…“, беше дел од излагањето на Еминов.

На панелот се отворија и теми за третманот на Ромите во затворите, за предизборните ветувања и што од нив навистина и се остварува, за сегрегацијата и дискриминацијата на Ромите во образованието…

Сите овие теми предизвикаа жестока дискусија што отвори уште многу прашања за статусот на Ромите во Македонија. Под маестралното водство на модераторот Муратов, дискусијата премина во сериозна и сеопфатна дебата, оставајќи не само простор за размислување, туку и за делување преку конкретни активности за подобрување на животот на Ромите во Македонија и за заштита на нивните човекови права и слободи.

Маја Ивановска

Tags: Aљуш ЕминовАкиф КариманДехран Муратовпанел дискусијаРомиЦивилЏабир Дерала
Share37TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ