• Latest
Ерол Ризаов

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

September 17, 2024
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Зголемувањето на ниските пензии треба да се одвива на друг начин, а не со казнување на другите пензионери.

September 17, 2024 18:24
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

За неколку дена пензионерите ќе добијат за 2.500 денари поголеми пензии. Линеарното покачување на пензиите, што значи на сите подеднакво, напуштен популистички метод уште од времето на еднопартискиот систем, во Македонија го обнови владата на Никола Груевски. Неговите следбеници во ВМРО ДПМНЕ сега повторно го воведоа овој неправеден начин како пропагандна предизборна кампања, пренесува македонската редакција на Дојче Веле.

Се фалат на цел глас дека владата е таа која води грижа за пензионерите и дека таа обезбедува пари за пензионерите, а не самите пензионери кои за време на својот работен век издвојувале свои пари во државниот пензински фонд, според законите кои ги регулираат правата на пензионерите и зголемувањето на пензиите според растот на инфлацијата и животните трошоци.

Зошто линеарниот начин на зголемување на пензиите е голема неправда кон пензионерите кои најмногу пари плаќале во државниот пензиски фонд? Тоа лесно се докажува со една многу едноставна пресметка.

Еве како изгледа тоа зголемување во владината политичка „математика“ на линеарно зголемување за 2.500 денари. Пензионерите кои во државниот пензиски фонд одвојувале по сила на законот 40, или цели 45 години од своите бруто месечни плати процентуално, а не линеарно, плус и извесен процент солидарно, со ограничување на највисоката пензија, со сегашната партиска урамниловка ќе бидат најмногу оштетени. Разликата е од 20 проценти зголемени пензии за тие што најмалку пари одвојувале во фондот до само три проценти, на тие што најмногу уплатиле на сметка на фондот и обезбедиле свои пари за солидарниот дел.

Земи од едните дај им на другите 

Популизмот се крие во лагата дека се отстранува неправда кон луѓето кои имаат мали пензии, што пак обезбедува големи политички поени со „стратегијата“ земи од едните кои повеќе и со децении плаќале и дај им на другите кои помалку и пократко време  плаќале на сметка на Фондот.

За неколку месеци, во пролета 2025 година, ќе уследи уште едно покачување на пензиите за 2.500 денари темпирано пред локалните избори. Така пензиите по теркот на власта што го враќа достоинството и гордоста кај тие што не ги исполниле условите за полна пензија, ќе се зголемат за околу 40 проценти, а кај најредовните и најголеми плаќачи во Фондот само за шест до седум проценти.

Ова линеарно покачување на двапати во изгубената трка со инфлацијата ми заличува на една приказна од Кралството Југославија кога пред изборите се подмитувале гласачите. Секој со право на глас, кој ќе гласал за партијата која подмитува, добивал по еден нов чевел, другиот ќе го добие по изборите, се разбира ако победи партијата која дели чевли, за да се симнат опинците. Со пензиите е малку поинаку, тие треба да се зголемат и пред и по изборите.

 


Текстот е личен став на авторот. Целиот текст прочитајте го на Дојче Веле.
Tags: пензиипокачувањепопулизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ