• Latest

Кој (не) ја разбра пораката од Бајден? (1)

June 13, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој (не) ја разбра пораката од Бајден? (1)

Односите меѓу Македонците и Албанците се клучни за одржливоста на Република Северна Македонија и Македонците и Албанците (сепак) ќе живеат заедно

June 13, 2021 11:20
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Дали националистичките инстинкти на сегашните и бившите лидери на ВМРО-ДПМНЕ /ВМРО-НП и нивните сателити, ќе згаснат после Извршнaта наредба која ја потпиша американскиот претседател Џо Бајден, предупредувајќи дека ќе бидат казнети сите кои неги почитуваат договорите за Западен Балкан како што се Охридскиот и Преспанскиот, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор или се директно или индиректно вклучено во активности или политики што ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западниот Балкан и ги поткопува демократските процеси и институции во регионот, вклучувајќи ја и корупцијата. Или, ќе продолжат да влијаат на дестабилизација на регионот опонирајќи му на американскиот претседател.

КОЛКУ ПОБРЗО РАЗБЕРАТ, ТОЛКУ ПОДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА

Очекуваме пораката на Бајден да биде мотивирачка за домашната и регионалната политичка сцена и да помогне Македонија и регионот да се вклучат на брзиот колосек кон ЕУ.

За жал, најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одат во спротивен правец. Упорно повикувајќи се на „народот“ Христијан Мицковски, коментирајќи ја Наредбата изјави:

„Ќе го насочиме нашето дејствување согласно народната волја веќе определена на референдум во 2018 година“.

Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму нема да го признава и почитува Преспанскиот договор и ќе се залага за неговото поништување „согласно волјата на народот“. Овој став го потврди и Тимчо Муцунски, кој е меѓународен секретар на партијата. „Тоа што народот неколку пати го има кажано ние ќе дејствуваме во таа насока и тоа е стратешки интерес на македонските граѓани“, изјави Муцунски.

Ова укажува дека тие ќе продолжат да ја спроведуваат својата деструктивна, военохушкачка и дестабилизаторска политика, опиени со нов националистички допинг од Будимпешта на избеганиот лидер и ќе продолжат да ја дестабилизират Македонија загрозувајќи го на тој начин и мирот и просперитетот на целиот регион. Левица, која идеолошки е поблиска до екстремната десница, категорички најавува дека нема да ги следи инструкциите од Бајден и директно ќе му опонира и ќе се спротивстави, како што се вели во соопштението: …„на штетните политики кои се резултата на Охридскиот догвор“. Од Левица наведоа дека „наредбата е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика“.

Пораката на Бајден е јасна и што побргу ја разберат, Мицковски и тие до него вклучувајќи го и Апасиев, тоа подобро за Македонија.

ПОДЕЛБА И ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ – ИДЕОЛОШКА МАТРИЦА НА ВМРО

Идеолошката матрица на ВМРО отсекогаш била поделбата на Македонија и прекројување на границите во регионот. Некогаш мантрата била обединување на разделеното ткиво во една целина, што е донкихотска утопија, а во последните две децении, поделба по етничка линија со Албанците. Заговорници на таа идеја се Љубчо Георгиевски, почесниот лидер на ВМРО-НП и националистичко јадро на МАНУ, како и дел од интелектуалната елита „генетски“ врзана за ВМРО. Картата на национализмот е одиграна, а Мицкоски и неговиот ментор и понатаму инсистираат на радикализација на политиката и продуцираат нестабилност. Во клима на доближување на гледиштата со соседната Бугарија за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, тие ги опструираат сите напори на Владата и однапред, договорот кој треба да уследи, го прогласуваат за неуспех и предавство.

ВО ПОГРЕШНА ОРБИТА

Мицкоски, заглавен во орбитата на 19 век во која се врти заедно со менторот Груевски и за жал, не знае да ја прочита пораката на Бајден, залудно планира хаос заборавајќи дека Македонија е членка на НАТО алијансата која, покрај безбедносна, има и политичка компонента, меѓу другото, да ја штити и демократијата и човековите права и мирот во регионот. Легитимно е ВМРО-ДПМНЕ да бара сојузници меѓу сродните десни/народни партии во европското опкружување, но мора да направи дистинкција помеѓу конзервативизмот за кој се залагаат некои десни партии во Вишеградската група на ЕУ и национализмот/фашизмот на Груевски и неговиот ментор Георгиевски кој ги загрозува безбедносните аспекти на регионот.

Мицкоски и неговите ментори не гледаат и не разбираат во кој правец се движат работите, ги кочат регионалните процеси, заговараат непочитување на потпишаните договори (Преспанскиот и Охридскиот) кои обезбедуваат  мир и стабилност на Република Северна Македонија и на регионот. Поради тоа ќе морат да ја напуштат политичката сцена и да ја препуштат на новите генерации политичари или ќе бидат казнети што јасно произлегува од најновиот декрет на американскиот претседател Бајден.

За разлика од Мицковски тоа многу добро го разбра лидерот на ДУИ, Али Ахмети (чија политичка ѕвезда е исто на згаснување) и веќе започна ребрендирање на неговата партија подготвувајќи се силно за следење на новите политики кои ги најавуваат и ЕУ и САД.
Стереотипните протести на Мицковски со педесетина закоравени приврзаници кои ги блокираат сообраќајниците со десет автомобили само ќе му бидат контрапродуктивни дури и меѓу неговите, бидејќи пораката од тие блокади, не дека е нејасна, туку нема порака, ако се изземе вокабуларот во кој секој договор кој не е потпишан од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ е предавнички.

ПОРАКАТА НА БАЈДЕН Е ЈАСНА

Меѓународната заедница повеќе нема да толерира кочничари на демократските процеси во земјите на Западен Балкан, кои со својата националистичка идеологија  ја загрозуваат безбедноста на регионот и заглавени во корупција децениски го уништуваат квалитетот на животот на своите граѓани не дозволувајќи им да  се доближат до стандардите на ЕУ. Тоа е јасно од пораката на Бајден.

Предупредувањето кое го изнесе во Наредбата американскиот претседател Бајден оди во правец на елиминирање на тие процеси и тоа ќе биде новата мантра според која политичките партии во регионот, вклучувајќи ги и оние во државите членки на ЕУ како што се Унгарија и Бугарија, ќе морат да се ребрендираат, а нивните националистички водачи да ги испратат во историјата каде што им е местото.

Во тој  контекст, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски и неговите ментори ќе се обидат уште еднаш да го вратат тркалото на времето и повторно да заиграат на картата на поделби, национализам, обвинувања за предавство создавајќи хаос во кој единствено се чувствуваат комотни. Не гледајќи дека тие стереотипи нема да им поминат кај гласачите и од самите нив ќе бидат казнети.

Ќе морат да ја разберат пораката која уште во 2010 година професорот Владо Поповски во интервјуто дадено за магазинот Капитал број 539 од 25 февруари 2010 вели дека:

„Македонците и Албанците (сепак) ќе морат да живеат заедно“. Затоа пораката на Бајден дека тие кои го кочат спроведувањето на Охридскиот договор ќе бидат казнети е многу јасна.

(продолжува)


Од следното продолжение:

За да биде јасна и оправдана заканата која произлегува од наредбата на Бајден, хронолошки ќе потсетиме на некои случувања во поновата историја на самостојната македонска држава и идеите за нејзината поделба, непочитување на Охридскиот и Преспанскиот договор и идеите за прекројување на границите и размена на територии кои потекнуваа од партиите со предзнак на ВМРО, а кои беа толерирани за „децата да се поиграат“.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ