поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Заменик Премиерот за евроинтеграции деновиве ни соопшти дека „реформите што ги спроведовме создадоа институции со доволен капацитет да се справуваат со вакви предизвици, како што е случајот РЕКЕТ“.
Тој, ако не мисли на „реформите“ на Груевски, треба да знае дека обидите на оваа влада да донесе реформи во правосудството, со тајна поддршка и на неговата партија, опозицијата ги блокира.
Ако е точно дека сме имале такви институции, како што тврди Заменик Премиерот, тогаш тие и до сега, пред овој случај, имале можност да се справуваат со вакви предизвици и успешно да го поминат тестот „кој мора да се помине“, за финална одлука на членките на ЕУ. Па сепак, тоа, од на Бујар Османи добро познати причини, не го сториле.
*
При изборот на министер за финансии единствена цел треба да биде тој или таа да е за таа функција најсоодветна личност, а не на некоја што помлада и талентирана личност да ѝ се даде шанса да напредува.
Единствена задача на младата министерка за финансии е никогаш да не го изусти зборот “не”.Ја имам предвид шалата дека на Меркел само Шојбле можеше да и рече “не”.
Спроведување на ефикасни, брзи и објективни истраги и судења, невозможни се сѐ додека доминираат судии и обвинители на ДУИ и ВМРО.
*
Спроведување на ефикасни, брзи и објективни истраги и судења, невозможни се сѐ додека доминираат судии и обвинители на ДУИ и ВМРО.
*
Не е задача на Претседателката на Антикорупциска да држи предавање за тоа дека “треба да се промени свеста за борбата со корупција” и да ги учи граѓаните дека “секој од нив треба да биде на чисто со борбата во себе”.
Не тоа, госпоѓо, Ваша најитна задача е без одлагање да ги гоните, не само поранешните, туку и актуелните функционери на ДУИ и СДСМ и, ако тоа не можете, како што уште на почетокот на вашата работа се виде, граѓаните со симпатии ќе го примаат вашето демонстративно повлекување.
Зарем не гледаш како овие од ДУИ за тебе не даваат пет пари, дури и во Стразбург ќе Те пратат.
Некогаш негде сум читал дека грижата за заштита на воздухот, водите и Амазон, како и употребата на нуклеарната енергија, не треба да се оставаат на националните држави.
*
Сигурен сум дека не постои некој што верува дека ДУИ И ВМРО ќе дозволат да продолжат истражните постапки кои се во тек или да се отвораат нови за кривични дела на нивните членови.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.