• Latest
Војо Маневски

Кој верува во Дедо Мраз?

December 28, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој верува во Дедо Мраз?

December 28, 2023 14:27
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Човек мора да верува во нешто, затоа што само така ја задржува својата внатрешна рамнотежа и си дава причина да се надева.

Од свети Никола влегуваме во периодот на празници кога запаѓаме во колективен транс на посакување среќа и надеж. Веруваме во некаков доносител на подобро утре.

На плоштадот во мојот Штип на најмалите Дедо Мраз им дели пакетчиња, а детските гласови прават убава атмосфера на радост. Мојата ќерка која го напушта тој детски период некако потсмешливо заклучува: „Види ги овие малите, веруваат дека пакетчињата ги донесува Дедо Мраз. Јас веќе не верувам во Дедо Мраз“.

Хе, хе, хе, си помислив цел народ верува во Дедо Мраз, а ете кој ме убедува дека го нема, мојата ќерка!

Нашиот народ верува дека  ќе влеземе во Европа и веднаш сонцето нема да изгрева од Исток. Ќе имаме плата како и европејците, воздухот поради тоа ќе се исчисти, улиците ќе светнат и сѐ преку ноќ ќе се европеизира. Правдата ќе биде достапна за секој, а шанса да се докажат ќе добијат најдобрите. Кој треба да го донесе тој подарок за сите нас, кој ако не Дедо Мраз“! Зошто вакви желби само тој може да исполни?

Децата верувале во Дедо Мраз? Постарите во што веруваат кога очекуваат да се постигне некој раст, а половината од буџетот го трошиме на плати и пензии. Половината на плати а другата половина на кредити што идните генерaции треба да ги враќаат. Од торбата на Дедо Мраз? Како да се постигне раст во економијата кога 30% се губи низ лавиринтите на корупцијата и  криминалот, а тие што со тоа се збогатуваат сѐ повеќе го преземаат државниот систем во свои раце. Тие немаат потреба од Дедо Мраз, неговата торба за нив е државниот буџет, а Дедо Мраз без торба е само старец со бела брада и смешна црвена облека. Ние мораме да веруваме во Дедо Мраз за да не ја изгубиме вербата, иако знаеме дека за нас торба нема.

Само децата верувале во Дедо Мраз. Постарите не верувале, а очекуваат да бидеме подготвени за културен натпревар меѓу народите? Како тоа ќе го направиме, ако оние што ја креираат политиката не се грижат за креаторите на уметноста. Културата ја сведоа на манифестации и фестивали. Пастрмајлијада и ракијада, празијада и питијада не се  уметност, туку народен собир како дел од латинската изрека за лебот и игрите. Кој ќе ги поттикне авторите да се впуштат во светскиот натпревар на култури, ако не можат ни себеси да се издржуваат, а не да творат? Кој друг ако не Дедо Мраз.

Спортските успеси им даваат надеж на граѓаните, ги прават горди кога се свири нашата химна и се издига нашето знаме. Ама кој да доведе до таму кога не се вложува во спортистите. Спортските натпревари се места каде се излеваат најниските страсти како некаков колективен психијатриски кревет, каде треба да се исфрлат скриените темни страни на народите што ја трошат Македонија како да им е оставена да ја уништат, а не да ја остават подобра за идните генерации од истите тие народи. И кој треба да ги среди состојбите во спортот? Изгледа веруваме во некој Дедо Мраз зошто во себе и меѓу себе не си веруваме.

Е само во политиката не недостасуваат Дедо Мразовци и верувачи во нивните ветувања за подароци. Нѐ очекуваат избори и политичките Дедо Мразовци ќе ветуваат проекти, развој, успех и среќа за сите. Само никако да допуштат да се ѕирне во тоа нивните торби, па да видиме дали таму има подароци за граѓаните или торбата е полна подароци само за нив и нивните клиенти. Нема разлика меѓу делењето на пакетчиња на децата за Нова година и делењето на работни места и функции на клиентите по добивањето на изборите. Не, има разлика во облеките зошто се оставаат фармерките и обичната конфекција и се облекува фенси облека, а торбата со подароци се отвора само ако е отворањето на списокот од штабовите. Е сега пак да прашам. Кој верува во Дедо Мраз, децата или постарите? Подароци нема за сите, ама мора да се верува дека еден ден Дедо Мраз секому ќе му донесе подарок.

Ма не е се така црно како што пишувам. Верувањето е благодарно чувство. Мора да се верува во победата на светлоста над темнината, инаку во темно не се живее. А струјата ќе биде сѐ поскапа велат. Доброто не смее да биде победено од лошото зошто ако победи и сите станеме лоши, врз кого ќе се врши лошотијата?

Лошото не постои, почитувани мои сограѓани, ниту како појава, нити како замисла, тоа само е недостаток на доброто во доволна количина и квалитет. Е затоа треба да веруваме како што децата веруваат, а не како што постарите лажат дека не веруваат, а се поголеми верувачи од децата. Заборавивме дека и ние бевме деца и дека некој други постари не советуваа…

Ако сакаш да го правиш она што го сакаш, така како што сакаш, најдобро е прво да го направиш она што мораш а после имаш време да го правиш тоа  што го сакаш.

Ете тоа го заклучив на неколку дена пред да ја испратиме оваа предизборна година. Ако мислите дека не знам да пеам детски песни сте се излажале – елко, елко, порасни уште две три педи, за да може Дедо Мраз дарови да реди, ХО, ХО, ХО,  среќна Нова година!


Текстот личен став на Авторот. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ