🎙️ Во новата епизода на КОЛЕГИУМ се зборува гласно за она што другите го премолчуваат од страв или од интерес. Од скандалозното именување на гувернерот до руската пропагандна мрежа, циркуларната економија, популизмот и геополитичките игри на Балканот – КОЛЕГИУМ ја отвора секоја тема без страв и калкулации.
Сите жешки теми од земјата, регионот и светот на едно место – КОЛЕГИУМ.
Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ.
Теле-новелата со Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ кулминира – тој е новиот гувернер на Народна банка.
Во тек е Неделата на циркуларна економија 2025, што се одржува по четврти пат иницијатива низ целиот регион на Западен Балкан. Ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс во која од почетокот учествува ЦИВИЛ.
Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли. Или, како премиерот со популизам ја кочи европската агенда на земјата.
Скандал: Jавното обвинителство ја отфрли пријавата против директорот на АНБ, Христовски.
НАТО со декларација „за длабока загриженост“ за постапките на Република Српска. Додик се спрема за бегство.
Како Западот ѝ помага на Русија да ја финансира војната против Украина?
Учествуваат: Џабир Дерала (водител), Драган Мишев, Дехран Муратов, Биљана Јордановска, Зоран Иванов, Дијана Тахири
Реализација: Ариан Мехмети