Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку видео порака ги повика граѓаните да се придржуваат кон мерките и препораките на здравствените работници со цел да се победи вирусот Ковид – 19.
„Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од секој од нас. Зависи од нашата одлука дали ќе ги почитуваме мерките за лична заштита или ќе дозволиме да се изложиме себеси на ризик, а со тоа и нашите најблиски и целата наша околина.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/563201054583947/
„Затоа, апелирам до сите: носете маска или друга заштитна опрема со која ќе ги штитите носот и устата; често мијте раце и не ги допирајте очите, лицето и носот; држете дистанца од луѓето околу вас и не се групирајте и вршете дезинфекција во домот, а особено на вашите работни места“.