Тргнаа изборните каравани, во кои кандидатите ветуваат сè и сешто, во обид да ги придобијат граѓаните да гласаат за нив. Деновиве, во јавноста е актуелно ветувањето за „бесплатен јавен превоз“ во Скопје од кандидатката за градоначалник, Данела Арсовска. Таа на прес конференција на 29 септември изјави дека бил успешно реализиран во „над 60, или конкретно 67 држави низ Европа“!
Ваквото тврдење не ја поминува елементарната проверка на фактите, затоа што бројот на суверени држави во Европа e 44 (според ОН), односно 50 држави или 51 држава (вклучително со последната Косово) – ако ги сметаме и државите што не се членки на ОН. Така што, тврдењето на Арсовска за 67 држави што имаат бесплатен јавен превоз е и математички невозможно.
Не е само Арсовска во изборите што ќе изнесе неостварливи ветувања или невистини. За жал, по тоа станаа препознатливи предизборијата кај нас. Граѓаните треба да бидат многу повнимателни и да бараат реална и остварлива, за да не се доведат во состојба да им бидат изневерени очекувањата.