• Latest
Војо Маневски

Колку е бавна правдата?

August 7, 2024

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Колку е бавна правдата?

August 7, 2024 11:51
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Правдата е бавна, ама е достижна. Вистината „врти, врти, ама секогаш излегува на површината“. Познати се овие изреки што се производ на човечкото искуство. Суштината е во поимот „време“ кое некогаш може да трае и колку еден продуктивен човечки живот. Трпението е најголем стратег, ама чини многу човечки судбини и големо количество нерви и непроспиени ноќи. (ПДФ линк до пресудата)

Случајот на ФокусНет е катализатор каде се потврдуваат овие изреки, но и состојбите во правосудниот систем во кој граѓаните на Македонија живеат веќе повеќе од три децении. Од очигледно надворешно влијание врз судскиот процес до нелогични и неправни делови на судските одлуки, па до пресуди кои покажуваат дека сепак примената на законот не се сведува на интерпретација на судиите, туку на законска обврска во чии рамки мора да се движат пресудите.

Овде мора да се каже дека и јавноста е неодминлива како помош во остварувањето на законските права на ФокусНет. Во прилогот од јуни 2023 година Соња Танеска детално го опиша движењето на предметот низ административните и судските ходници кое траеше над 20 години.

Цивил Медиа го објави и текстот за последните случувања поврзани со донесувањето на конечна пресуда во Апелационен суд Скопје.

Како потврда на изреките од почетокот на текстов се и информациите од крајот на минатата недела кога конечно странката ФокусНет е известена дека пресудата на Апелационен суд е законски процесуирана од Основниот суд Скопје и ќе биде службено доставена до странките по завршувањето на судската ферија.

Предметот носи број ТС-1136/23 и содржината нема да ја коментираме, но самиот факт дека Апелационен суд после две децении барем делумно ја исправа неправдата кон ФокусНет е доказ дека и другите слични предмети кои имаат долг временски период на движење низ лавиринтите на системот, можат да добијат завршница. Колку странките ќе бидат задоволни од пресудата е нивна работа и можат да бараат постапка пред Врховен суд, но фактот дека има пресуда која по сѐ изгледа ја потврдува пресудата на Вишиот управен суд за кршењето на законот од страната на Телеком, веќе е правен факт кој не смее да се заобиколи. Сѐ останато е работа на пресметки и експертизи кои не ја анулираат одлуката на Судот – дека сѐ мора да биде во рамките на законот. Ќе биде ли запаметен овој предмет како почеток на враќањето на довербата кон судовите како важни и кредибилни институции, зависи само од судиите во сите инстанци, вклучително и Врховниот суд. За почеток едно светло се појави на крајот од тунелот.


Текстот е личен став на Авторот. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ