поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Парламентарното Собрание на Советот на Европа со Резолуцијата, од РСМ бара:
– Да продолжи со работа СЈО, и тоа како автономно и независно тело;
-Да се зајакне борбата со корупцијата;
– Да го осуди нападот врз македонското Собрание и повикува сторителите и поттикнувачите на овие дела уредно да се гонат (ВМРО вика дека ова е „политички прогон“-н.з.);
– Да се реформира изборниот законик;
– Да се укине „џебното вето“ на претседателот;
– Да се спроведе попис;
– Да се бара екстрадиција и судење на Груевски. Сигурно е дека исти барања, заедно со поканата за почеток на преговорите, ќе достави и ЕУ.
Меѓутоа, сѐ додека, во земјата, на политичката сцена се присутни политичари од партиите кои во минатиот период, како што е познато, во заедничка власт, државата ја заробија и ја донесоа во „многу тешка кризна ситуација“ (Прибе), исполнувањето на овие барања, и по почнувањето на преговорите, е невозможно.
*
Во право е амбасадорот Тимоние кога вели дека Македонија не треба да го добие датумот сега, само затоа што ќе дојде до големо разочарување кај населението и дека ризикува да се врати национализмот и подвлекува дека „вистинско разочарување кај населението е кога нема реални реформи и ако ние го даваме датумот и земјата не ги остварува обврските е уште полошо.
Како ние така и народот ќе видат дека нема реален напредок и ќе има поголемо разочарување после некое време. Се разбира дека и ние сме да ја задржиме жива надежта за Македонија, меѓутоа не на тој начин што сега би ги отвориле преговорите само за надеж и нема да успееме со декади да ги затвориме затоа што нема реален прогрес“.