Откако малку слегна правот од скандалите со Facebook и Cambridge Analytics, време е граѓан(к)ите да дознааат – колку, всушност, и што сè „знае“ Фејсбук за нив…
Сите фотографии кои некогаш сте ги „качиле“ на вашиот тајмлајн, или пак, се сочувани во некоја приватна порака до вашите пријатели, секој ред и збор, и коментар што сте го напишале, секој „лајк“ и секоја препорака кои сте ги ставиле… се внимателно сочувани. Од Фејсбук.
Профилот што го земавме за пример е отворен во 2013 година, релативно просечен профил кој има околу 800 пријатели и нормална дневна активност, квантитетот на информации што го има Фејсбук за овој профил е – неверојатни 3.3 GB.
Дали сакате да дознаете колку има Фејсбук сочувани информации за вас?
Во горната десна страна на вашиот профил – кликнете ја стрелката и влезете во Settings, ќе се отвори следниот прозорец, во кој треба да кликнете Download a copy of your Facebook data.
Фејсбук ќе започне со генерирање на сите информации кои ги има зачувано во своите сервери за вас, и откако ќе помине краток рок на вашиот email ќе стигне линк, на кој можете да го „симнете“ пакетот што ќе ги содржи сите ваши информации.
Ермин Климента