„Изнаоѓање патишта на соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија: Кон враќање на кредибилитетот на процесот на проширување?“, е презентацијата на проф. д-р Катерина Колозова, директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и професор по филозофија, епистемологија и родови студии на Институтот за општествени науки и хуманистички науки и исто така на Универзитетот Американ колеџ, Скопје, со која утре (25 јуни 2021 година) ќе настапи на онлајн конференцијата Европски проект во земјите од Западен Балкан, во Загреб.
Оваа конференција, како што нагласуваат организаторите од здружението Европски дом Загреб, нуди критичко размислување за „Европскиот проект во земјите од Западен Балкан. „За генезата на процесот, неговите последователни фази, неговите последици и изгледите за развој ќе бидат анализирани и дебатирани.
Конференцијата е мултидисциплинарна и меѓународна. Професори и експерти од различни земји и различни области на истражување ќе интервенираат во рамките на нивната специјалност. Комбинацијата на овие различни гледишта ќе ја подобри ефикасноста на анализата и ќе му обезбеди на љубопитниот граѓанин клучеви за разбирање на неговата политичка иднина.
– Филозофијата што нè води е таа на дијалогот, без кој не е можно вистинско разбирање, стои во најавата на онлајн конференцијата.
J. Ѓ.