• Latest

Командант Хоџа и различните аршини на јавноста

May 9, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Командант Хоџа и различните аршини на јавноста

May 9, 2018 17:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Командант Хоџа или Џезаир Шаќири, новиот советник на премиерот Зоран Заев во областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот ја дигна тензијата и ја разбранува јавноста.

Дали Хоџа е единствениот избор? Колку неговото воено минато вистински ќе придонесе во борбата против тероризмот и радикализмот. Дали учеството од „другата страна“ во конфликтот од 2001 треба сериозно да се земе во обзир? Кој и како му врши притисок на Заев за ваква одлука? – се дел од прашањата што ги окупираа медиумите и социјалните мрежи.

Од ставот на Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, дека не само што не е спорен неговиот ангажман, туку треба да се размисли дека во политичката историја на Македонија од 2002 па наваму, државата ја воделе многу поконтраверзни  имиња од Хоџа, до изјавата на Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, дека 600 евра не е ништо, во споредба со многуте советници што работат без пари, Хоџа, односно Заев, се таргет на крајно негативни и ретко објективни коментари.

Илир Ајдини, новинар од Газета Експрес, Косово, потсети дека, сепак, сме општество со кратка меморија и критериуми што се менуваат во зависност од етничката припадност. Ајдини го насочува фокусот кон криминалното досие на Јохан Тарчуловски и огромните суми народни пари кои ѝ се исплатија на Соња Тарчуловска за затворските посети на сопругот, инаку воен злосторник. Или народен херој, ако судиме по пречекот?

„Треба уште да ве потсетувам: Хашкиот трибунал правосилно го осуди на 12 години, а беше пуштен откако одлежа 2/3 од казната. За сето тоа време, освен стотиците илјади евра (600.000 само кеш, без другите бенифиции) на „ужаленото семејство“, стотици и стотици илјади евра беа исплатени на адвокатите и на државните претставници кои одеа да го посетат… Веќе година и пол дена, покрај милионските бизниси што му ги овозможи државата, добива и пратеничка плата, веројатно некои 1.500 евра месечно, меѓу другото за да организира државен удар и убивање колеги пратеници. Ништо ново за него – убиец бил и убиец ќе остане. Ама, сега проблем било што се вработил Шакири, кој ниту е осудуван, па дури ни обвинет за ни од близу такви кривични дела како што е убивањето невини цивили, селани, за што – пак ќе ве потсетам – беше од највисоката судска инстанца во вселената осуден криминалецот Тарчуловски… “, пишува Ајдини на својот фејсбук профил.

Од друга страна, Мирјана Најчевска, професорка и експертка за човекови права на својот фејсбук профил напиша: „Покрај сите стручни советници со кои се опкружи, мислам дека на Заев му недостасуваат само уште моите совети за балетот“.

Заев всушност има 33 надворешни соработници, меѓу кои како најнов на листата е командант Хоџа.

Што се однесува на Хоџа, неговото заминување за Скопје го правда со тоа „дека од нешто мора да се живее“, но тоа не значи дека ќе заборави на Танушевци и неговите соселани. На својот фејсбук профил напиша дека математиката на Заев е добра, што подразбира дека ќе нема никакви проблеми. Договорот меѓу нив не подразбира дека Хоџа ќе собира гласови за време на избори.

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и ова решение, како и секое друго што произлегува од Владата и СДСМ.

Но, крајниот одговор, за добро или лошо, па и најрелевантен, со оглед дека е негова одлуката, го има Заев.

Владиниот проект „Општество за сите“, подразбира ресоцијализација и на командант Хоџа, кој според зборовите на Заев, во конфликтна ситуација, Шаќири може да даде значаен придонес во областа на безбедноста.

„Јас сум човек кој нема предрасуди и повикувам да нема никој од нас предрасуди…“, изјави Заев.

Но, јавноста, како веродостоен судија, останува, на крајот, да процени колку е или колку не е погрешна ваквата математика на  Заев.

Биљана Јордановска 

Tags: Зоран ЗаевИлир АјдиниКомандант ХоџаЏезаир Шаќири
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ