• Latest

Комитите и Тврдокорните повикуваат на насилство

June 17, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Комитите и Тврдокорните повикуваат на насилство

June 17, 2018 14:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Навивачката група Комити, чиј водач своевремено беше и осудениот воен злосторник Јохан Тарчуловски, утрово, пред самото потпишување на историскиот Договор во Преспа, излезе со Фејсбук соопштение во кое изнесе отворени закани. Во него се вели дека не се со ниедна партија, што се совпаѓа со лабилниот карактер на ова здружение – час се со ДПМНЕ, час не се, по потреба. Соопштението го пренесуваме во целост:

„Недела 17.06 2018, со почеток во 20 часот, повторен собир пред собранието на Република Македонија. Ќе повториме дека ние, иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската, како граѓани, должни сме да излеземе и да си го браниме ова наше парче земја. Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност да дојдете во Скопје, организирајте се локално.

Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас, апсења и притисоци не не плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни “режимот”, а ни “шарената револуција”, ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја. Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на Македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е посилен од народот кога е сплотен.

Затоа, ве замолуваме, раширете го идеалот за слобода, соберете ги вашите најблиски и без страв излезете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија! Да живее Македонија!!!“

Овие закани од Комитите доаѓаат по вчерашниот Фејсбук повик од Тврдокорните до Иванов, да прогласи воена состојба. Во нивниот повик се вели: „Почитуван ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ние МАКЕДОНЦИТЕ ви стоиме на располагање во одбрана на нашата татковина!“

ЦИВИЛ објави повик до граѓанските новинарки и новинари да испраќаат прилози во кои ќе се документира и разобличи говорот на омразата, но ги повика и институциите на соодветна реакција:

„Прилозите во кои се документира говорот на омразата ќе бидат објавувани на медиумската платформа на ЦИВИЛ, но воедно ќе се алармираат и соодветните институции со барање да се санкционира ваквото однесување. Исто така, организацијата ќе ги алармира институциите и јавноста за експлицитниот говор на омраза на дел од јавните настани (протести) во овој период и ќе побара да бидат преземени соодветни законски мерки против организаторите на овие настани и против лицата кои шират говор на омраза и повикуваат на насилство. Драгоцен е придонесот на граѓанските новинарки и новинари во овој наш заеднички напор да му помогнеме на нашето општество да заздрави.“ – се вели во денешното соопштение на ЦИВИЛ.

Џ.Д.

Tags: „Тврдокорни“говор на омразаинституцииКомитинасилствоЦивил
Share228TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ