Младиќот во куглата гледа, му се нафрлиле на Павле Богоевски за „грам“. Јер, „зна се“ што се мери во грамови. А „грамот“ го нема воопшто во снимката која беше објавена на руската мрежа тк. Но, „грамот“ го има во сите наслови и хајката која се шири од оркестрираната медиумска машинерија и армија ботови на, знаете веќе кој.
Во снимката која беше објавена се слуша зборот „пола“, сума на пари, ама не и „грам“. Оние на кои очигледно им фали понекој „грам“, во умот, носот, вената или плуќата, сеедно, истиот му го „лепат“ на Богоевски, иако тој не го изговара воопшто тој збор на снимката. Тоа се нарекува фројдовска проекција, или по нашки, „шта је баби мило, то се баби снило“.
А потоа, непостоечкиот „грам“, за да се дискредитира објаснувањето на човекот кој дури и се себеинкриминираше а потоа и се себепријави за набавка на (за жал!) нелегален лек, е тој „грам“ што го нема во снимката, се споредува со „кубици“ и така натаму, при што се чита голема упатеност на голем број луѓе во мерните единици на разни субстанции. Секој, според фантазијата и себе-проекцијата, штобисерекло.
Бај д веј, прашајте секој поупатен во аудио обработка, оваа снимка е сечена. Меѓу пцовката и „нарачката“. Чудно како тоа не го забележа нашата преупатена јавност и експерти.
А, тој што ја сечел, морал да ги спои, односно „лепи“ двата дела, без „грамот“. Од тоа што се нашло. За снимката да биде цела. Тоа повлеквиТ процес што во продукцијата се нарекува – монтирање.
А кој тоа сече, лепи и монтира? Од каде ли ни беше тоа познато? Кому фали грам? Е, тие заклучоци, Младиќот остава на вашата пребујна фантазија и ум сами да си ги донесете, пренајлични мои.
#GramotEVoUmot
#FrojdovskaProekcija
#AluminiumToTheMaximum
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.