Бленди Ходаи
Не е крив Бобан. Криви сме ние што со години дозволуваме луѓе кои токму од оваа публика и од оваа држава изградиле име, бизнис и богатство, денес да се однесуваат како прашањето каде завршиле нашите пари да е навреда.
Бобане, капа долу за придонесот што го имаш дадено за културата во Македонија и за сите светски имиња што си ги донел овде. Тоа никој не може да ти го оспори.
Но токму еден „светски човек“ би требало да знае една многу едноставна работа: кога организираш приватен концерт со свои пари, никому не должиш објаснување колку си платил и колку си заработил. Но кога концертот се плаќа со пари на граѓаните, сумата престанува да биде приватна работа.
Во тој момент јавноста има право да знае колку платила, за што платила и под кои услови. Тоа не е никаква провокација. Тоа е основна отчетност за трошење јавни пари.
Безобразно не е прашањето „колку чинеше?“. Безобразно е да земаш јавни пари, а потоа да се однесуваш како јавноста да нема право да праша што си направил со нив.
Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА












