• Latest

Конференција: Има уште многу предизвици за заштитата од родово базирано насилство

July 17, 2023
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Конференција: Има уште многу предизвици за заштитата од родово базирано насилство

July 17, 2023 13:31
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter
По повод Светскиот ден на населението 11. jули денеска беа претставени постигнувањата  во заштитата и превенцијата од родово базирано и семејно насилство како дел од проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија “. Настанот „Има помош за живот без насилство – инвестицијата во родова еднаквост денес е инвестиција во заедничка иднина“ го организираше Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации УНФПА во Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на Амбасадата на Велика Британија.

Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје, рече дека родовата нееднаквост е основа на проблемот маргинализирање и ограничување на потенцијалот на секоја втора личност на планетата.

Родовата нееднаковст  ги остава жените и девојчињата надвор од училиштата, надвор од работната сила, оневозможува да се образуваат колку што треба и сакаат и од лидерските позиции. Тоа ја ограничува нивната способност и моќ да донесуваат одлуки за своето здравје и репродуктивен живот. Светскиот ден на населението е потсетник дека во свет со осум милијарди луѓе можеме да постигнеме просперитетна, мирна и одржлива иднина за секого. На овој ден ги заживуваме разговорите и напорите за зајакнување на жените и девојките за еднакви права и избори во свет од осум милијарди луѓе, рече Шаља и нагласи дека покрај поттикнување на потенцијалите на жените и девојките, за резултати во борбата за родова еднаквост треба да се вклучат и  мажите и момчињата.

Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски, на отворањето на настанот порача сите со своите лични и професионални капацитети да придонесат во битката со системските бариери и штетните стереотипи за, како што рече, „да го затвориме темното поглавје на насилството во занданите на минатото каде што припаѓа“.

Сѐ уште голем број жени и девојки се директно изложени на различни форми на насилство. Според последните податоци кај нас, 45 проценти од жените изјавиле дека доживеале насилство во некоја форма, најчесто физичко, ментално, емоционално, честопати премолчено и потиснато, со чувство на беспомошност. Овој поразителен факт, колку и да звучи застрашувачки, е всушност предизвик за нашата истрајност до целта – родова еднаквост и општество без концепт на насилство, истакна Ѓорѓиевска и нагласи дека е цврсто убедена дека има помош за живот без насилство.

Џулија Смит, заменик амбасадорка на Обединетото Кралство во земјава, рече дека родовата нееднаквост опстојува и стагнира во многу земји иако жените и девојките се половина од населението во светот, и тоа  се заканува  на нивната благосостојба и ги спречува да пристапат до можности кои се суштински значајни за слободата и нивниот развој – образованието, здравствената заштита и работењето.

Во минатата година низ целиот свет видовме бавен напредок во родовата еднаквост и намалување на правата на жените и девојките. Навистина е важно сите да соработуваме за да го намалиме или да ја сменине насоката на овој тренд. Противродовите движења се сѐ почести, поттикнати од дезинформирањето поврзано со родовите прашања и сето ова е сериозна закана за напредокот во родовата еднаквост, рече Смит.

Насилството врз жените и семејното насилство се појави кои ги има и во најразвиените демократски земји, посочи министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, нагласувајќи дека должност на Владата е решително и навремено да реагира во превенирањето на насилството, казнување на насилниците и заштита од повторна виктимизација на жртвите.

Наша главна должност како Влада е да обезбедиме целосна поддршка и помош секоја една жена жртва на насилство да се справи со последиците од насилството, рече Тренчевска и додаде дека Северна Македонија е меѓу првите држави кои ја потпишаа Истанбулската конвенција – ратификувана е од Собранието во декември 2017, а во јули 2018 влезе во сила.

Врз основа на Акцискиот план 2018-2023 за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врез жените, пред две години е донесен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените  и семејното насилство кој е целосно усогласен со одредбите од Истанбулската конвенција и целта му е да го прошири системот на превенција и заштита на сите облици на родово базирано и семејно насилство, рече Тренчевска досавајчи дека веќе е подготвен и првиот извештај од евалуацијата за спроведувањето на Истанбулската конвенција чии препораки, рече министерката, ќе бидат патоказ за подобрување на одговорот на државата кон превенцијата и подобра заштита од насилство.

Извор: МИА

Tags: Платформа против говор на омраза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ