• Latest

Конференција за образованието на лицата со попреченост, актуелни состојби и перспективи

October 13, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Конференција за образованието на лицата со попреченост, актуелни состојби и перспективи

October 13, 2022 18:46
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 70 научни и стручни трудови од земјава и регионот, кои го проучуваат влијанието на дијагностиката и раната интервенција врз образованието на учениците со попреченост, ќе бидат презентирани на тридневна меѓународна научно-стручна конференција „Образование на лицата со попреченост, актуелни состојби и перспективи“.

Трудовите се однесуваат на образованието, вклучително и социоекономските аспекти, на лицата со попречености во предучилишно, основно, средно и високо образование. Голем дел од трудовите го анализираат инклузивното образование и ги истакнуваат предизвиците со кои треба да се соочи државава за негово унапредување. Дополнително, стручните лица, практичарите и родителите преку тркалезни маси ќе имаат можност за размена на искуства и сознанија за унапредување на образованието, дијагностиката и рехабилитацијата на лицата со попреченост.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој е покровител на конференцијата, на отворањето истакна дека таа има благородна цел да даде научен и стручен придонес во подобрување на можностите за образование на децата  кои не смеат да бидат исклучени поради нивната различност.

Претходната година беа ангажирани 500 образовни асистенти. Од оваа година МОН, заедно со ресурсните центри и според потребите,  ангажира 720 образовни асистенти. Ќе ги очекувам заклучоците на оваа конференција и се надевам дека тие ќе бидат во насока на соработка со институциите од централната и локалната власт, општините и министерствата, рече Шаќири.

На прашањето кога образовни асистенти ќе има и за учениците во средно образование, тој нагласи дека да се зборува за сеопфатност оваа услуга треба да продолжи и во средно образование и дека тоа се очекува со донесување на новиот закон за средно образование, кој е во завршна фаза на подготовка, исто како и  законот за средно стручно образование.

Ќе продолжиме во најбрз можен рок, ќе има и јавна дискусија. Законот треба да помине во Владата па после во Собрание. Ќе дискутираме и јас ќе побарам ангажирање на повеќе образовни асистенти од ресурсните центри  колку што се потребни во средното образование, рече Шаќири.

Горан Петрушев, претседател на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, изјави дека во тек е голем реформски процес во државата, во кој сите деца влегуваат во редовните основни училишта и во голема мерка, рече, се работи на обезбедување соодветната поддршка во согласност со функционалните можности на децата. Тоа се образовни асистенти, асистивна технологија и се што им е потребно за успешно вклучување во редовната настава.

Реформскиот процес е на почеток и треба време за да се реализира она што е новина. Во овие две години најголем акцент се става на образовната асистенција, но квалитетно инклузивно образование не значи само образовна асистенција и аистивна технологија. Тука се инклузивните тимови,  влегување во училницата со другите врсници. За разлика од лани, оваа година има над 200 повеќе образовни асистенти, од 500 – сега 720-730. Би требало да биде доволно за  држава голема колку нашата, рече Петрушев, кој очекува континуитет во  образованието на учениците со атипичен развој да биде обезбеден и со образовната асистенција во средните училишта.

Според функционалните проценки што се прават, посочи тој, образовната асистенција е препорачана на околу 800 ученици со попреченост во основното образование, но има рационализација зашто во некои паралелки има по двајца ученици со попреченост.

За основно и средно не би биле повеќе од 850 кои имаат потреба. Тоа не е прецизен број зашто е потребна анализа која ќе ја направиме во наредниот период зашто сега сите деца поминуваат на функционална проценка и лесно е да се направи анализа. Сакам да нагласам дека образовната асистенција се доделува на учениците со попреченост, таа не е за сите ученици. Се сведува на тоа дека секое дете што има некаков проблем со учењето, се праќа на проценка за образовна асистенција. Таа е за оние ученици кои се соочуваат со некаква попреченост и во тој дел треба ни биде јасно. Затоа што во ниту една земја не може да има таков голем обем, за секое дете што има некаков проблем во учењето да се обезбедува образовен асистент. И нема потреба, истакна Петрушев.

Кадар би требало да има доволно, смета тој, зашто образовен асистент не мора да бидат само специјални едукатори и рехабилитатори, туку и педагози, психолози и воспитувачи.

Би требало да има доволно, излегува кадар од Филозофскиот факултет од Скопје, од Педагошкиот факултет од Тетово, така што мислиме дека ќе имаме кадар – во некои градови има доволно, во некои во внатрешноста недостига кадар, но сметам дека во наредните години бројот ќе се избалансира и дека ќе има кадар во согласност со потребата, додаде претседателот на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори.

Покрај Сојузот, организатори на конференцијата се и Филозофскиот факултет Скопје, Институт за специјална едукација и рехабилитација и Педагошкиот факултет Тетово, Студии за специјална едукација и рехабилитација.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ