• Latest

Конфликтот во Сирија влегува во осмата година

March 15, 2018

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Конфликтот во Сирија влегува во осмата година

March 15, 2018 10:15
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во енклавата Источна Гута и околу градот Африн во Сирија денеска продолжуваат жестоките судири, во момент кога се навршуваат седум години од почетокот на сирискиот конфликт.

Конфликтот почна на 15 март 2011 година во екот на „арапската пролет“ со продемократски протести и репресии против нив од страна на властите во Дамаск. Постепено тој се претвори во војна во која загинаа повеќе од 350.000 луѓе. Со годините конфликтот стана посложен и во него се вмешаа и странски сили.

Сириската армија синоќа успеа да влезе во клучниот град во енклавата Источна Гута, кој е последен бастион на бунтовниците во близина на Дамаск и кој повеќе од три недели е цел на интензивни бомбардирања. Силите на сириските власти го нападнаа градот Хамурија и успеаа да преземат делумна контрола врз него. Градот се наоѓа во источниот дел на Источна Гута.

 

Како резултат на офанзивата на провладините сили, поддржани од Русија, која почна на 18 февруари, Источна Гута е поделена на три дела. Секој од нив е под контрола на различни бунтовнички групи.

Во бомбардирањата на Источна Гута од почетокот на офанзивата, па до сега загинаа над 1.220 цивили, меѓу кои 250 деца. Повредени се повеќе од 4600 лица. Само вчера беа убиени најмалку 31 цивил.

Од енклавата вчера беа евакуирани десетици цивили додека предходниот ден реонот го напуштија 150 лица.

Во северозанапдна Сирија турската армија и сириски бунтовнички групи кои ја имаат поддршката на Анкара, речиси целосно го опколија градот Африн, кој е цел на офанзивата на Амријата на Турција што почна на 20 јануари против упориштето на курдските Сили за заштита на народот.

 

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за терористичка група но тие се сојузници на западните земји, пред се САД, во борбата против џихадистите во Сирија. Градот Африн има околу 350.000 жители и многу од нив се обидуваат да избегаат од него, затоа што таму повеќе нема вода и струја, а недостасуваат и храна и лекови.

Единствениот излез од Африн постојано е под артилериски оган и таму вчера загинаа десетмина припадници на милитантна група што ја поддржува Владата во Дамаск. Во бомбардирања врз градот вчера загинаа најмалку десет лица, меѓу кои и четири деца, а 34 луѓе беа повредени.

Во седмата година од војната во Сирија сепак дојде до уништување на џихадистите од групата Исламска држава, која својот подем го доживеа во 2014 година кога презеде контрола врз големи територии во Сирија но и во соседен Ирак.

 

Организацијата беше уништена во Ирак, а на сириска територија е присутна уште само во неколку помали области. Градот Рака кој де факто беше главен град на т.н. Исламски Калифар, што го прогласи ИД, минатиот октомври беше преземен од страна на Сириските демократски сили, сојуз во кој се обединети курдски и арапски борци поддржани од Вашингтон.

Крајот на битката против џихадистите од ИД и на меѓународните и на регионалните сили сега им овизможува да се фокусираат на проширувањето на своите сфери на влијание во Сирија.

Експертот за Сирија од Универзитетот во американската држава Оклахома, Џошуа Ландис смета дека во следниот период главна тенденција би можеле да бидат обидите за поделба на земјата.

Во североисточниот дел на Сирија се наоѓаат полуавтономни курдски области и се распоредени американски војници. Во северозападниот дел на Сирија, Анкара ги поддржува бунтовниците во провинциите Идлиб и Алепо и заедно со некои од нив спроведува офанзива против курдската еклава Африн.

Експертот од Центарот за нова американска безбедност во Вашингтон, Николас Херас оценува дека ваквото турско и американско влијание на теренот во Сирија ќе продолжи да зајакнува во иднина.

Сепак, сето тоа не им пречи на сириските власти да се стремат да ја повратат контролата врз целата земја. Првично сериозно ослабени, властите во Дамаск ги променија работите во своја корист благодарение на руската воена поддршка. Тие веќе повратија контрола над повеќе од половина од земјата и ги зголемија победите над бунтовниците и џихадистите.

 

Кон крајот на 2016 година целосното преземање на Алепо, вториот по големина град во Сирија и поранешен главен град на земјата, беше „момент на враќање“ за Дамаск.

Фактот дека Асад ја поврати контролата над Алепо и дека го контролира Дамаск ги поттикнува луѓето да велат дека револуцијата завршила и дека властите победиле во конфликтот.

Според францускиот експерт за Сирија, Фабрис Баланш од Институтот „Хувер“ на Универзитетот Станфорд, на психолошки план тоа има големо влијание.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: војнаКонфликтСветСиријатурција
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ