Конференција насловена како „Соработка на тема – Едно здравје на ниво на земјите од регионот“ ќе биде одржана денеска и утре во Скопје во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство.
На конференцијата ќе учествуваат директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Институтот за јавно здрвје , Факултетот за ветеринарна медицина, Медицинскиот факултет и претставници од Ветеринарната комора.
Од земјите од регионот учество ќе земат првите луѓе на ветеринарните служби на Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора и високи претставници на институтите за јавно здравје, центрите за проценка на ризик во синџирот на храна од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора.
Извор: МИА