• Latest

Конфузија и бесперспективност за евроинтегративниот процес на земјава, затворена седница засега само предлог

October 9, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Конфузија и бесперспективност за евроинтегративниот процес на земјава, затворена седница засега само предлог

October 9, 2024 13:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ние мора да знаеме кој е планот на владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој посочи дека во наредниот период ќе ги користат сите механизми, вклучувајќи и свикување собраниска седница, а со цел да обезбедат одговор од премиерот во врска со евроинтеграциите на земјава, бидејќи Владата се наоѓа во состојба на конфузија и бесперспективност поради спротивставените изјави меѓу премиерот Мицкоски и министерот Муртезани.

„Ние секојдневно покажуваме конструктивност за прашањето за продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал не гледаме одговор од премиерот во таа насока. Нашата идеја за собраниска седница е затоа што Собранието е местото каде што носат одлуки. Премиерот има многу најави за некаква поддршка од некои држави за менување на преговарачката рамка со која наводно би се подобрила состојбата на нашата држава во процесот на евроинтеграции, но сето тоа е обвиено со некаква мистерија и не знаеме детали. Премиерот има обврска тоа да го соопшти пред народните избраници и на граѓаните. Сега откако еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што нема ниту политичко, ниту етичко, ниту морално право, тој треба да направи нешто што очекува огромното мнозинство граѓани. Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира премиерот во неговите изјави дека наводно има најави за поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство, бидејќи самиот министер кажа дека во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа. Тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во владата кои создаваат впечаток на целосна безперспективност мора да се расчистат во Собранието. Ние мора да знаеме кој е планот на владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат, истакна Филипче.

Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани, вели дека Брисел не гледа со голем оптимизам за предлогот за уставни измени со одложено дејство, но не го отфрлува целосно.

„Во неколку наврати јавно имав кажано дека тој предлог не се гледа со голем оптимизам во Брисел, меѓутоа не се отфрла целосно. Мислам дека ние треба да настојуваме на изнаоѓање решенија кои ќе бидат прифатливи и од нашите стратешки партнери. Ова не зависи многу од нив, туку зависи од нашата волја и ангажман за изнаоѓање решенија“, изјави Муртезани на прес-конференцијата по повод „100 дена Влада“, за барањето на Владата носењето уставни измени да има одложно дејство.

На прашањето за најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе се праќа писмо со идеи во ЕУ за решавање на ова прашање, Муртезани кажа дека овие најави на премиерот се всушност изнаоѓање нови решенија, кои, како што посочи, се во фаза на интерни разговори во Владата и дека немаат финален предлог, меѓутоа и да имаат таков нема да брзаат да го објават пред да бидат завршени изборите во соседна Бугарија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласи дека земјава е недвосмислено определена да продолжи по евроинтеграцискиот пат. Издвојувањето на Албанија, оцени, не значи и нејзино брзо членство во Унијата, а со ваквите потези ЕУ во континуитет покажува неправедност кон нас. Стравувањата дека ќе станеме заробена држава, рече Мицкоски, се беспредметни и дело на внатрешна дневно-политичка динамика.

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување, направивте лоша услуга на сите скептици и сите сили кои не веруваат во ЕУ. Ние веруваме во ЕУ. И веруваме во тоа дека членството на Македонија во ЕУ е наш стратешки приоритет. Членството во ЕУ е кохезивен фактор долж сите линии на општеството, од етнички, до политички. И недвосмислено сме определени да продолжиме по тој пат. ЕУ во континуитет со вакви потези покажува неправедност кон нас. Мора членството во Унијата да е живо, процесот да е жив и ние ќе нудиме предлози и решенија за надминување на оваа статус кво ситуација. Истовремено ќе работиме посветено на реформите за членство во Унијата и ќе ја менуваме лошата реалност, тоа е за наше добро и ние сме свесни за тоа, потенцира Мицкоски во обраќањето на 33. годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид.

Мицкоски најави дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси.

„Диктати, да биде јасно, не прифаќам. За овој процес е потребно и разбирање од Унијата, која очекуваме да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион како што е и нашата верба. Македонија и нашите граѓани премногу дадоа и предолго се заложници на билатерални проблеми и барања. Не барам сочувства и изговори. Барам почит за мојот народ. Ние планираме да ја вклучиме и опозицијата во процесите, кога ќе дојде време за тоа. Нема да ветуваме работи кои се неостварливи, но и нема да пропуштиме да ја консултираме опозицијата и да побараме поддршка за нашите напори. Сепак, целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја обзнанам и потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање решение. Јас сум на располагање за идеи и дијалог и тоа сите скептици треба да го знаат. Темите како изолација се повеќе стравови и психолошки товар за скептиците од најразлична провиниенција. Ќе продолжиме напред, се допаѓало тоа некому или не, истакна Мицкоски.

Лидерот на движењето Беса, која е дел од коалицијата Влен, Билал Касами вели дека остануваат на ставот за носење на уставните измени, но дека прво меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД, треба да дадат јасен план како ќе се движи евроинтегративниот пат на државата.

„Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција“, рече Касами во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

Запрашан дали оваа одлука ќе се донесе до крајот на годинава, Касами рече дека никогаш не давал рокови.

Во меѓувреме, Мицкоски сè уште размислува за предлогот на опозициската СДСМ на затворена седница во Собрание да разговараат за идните чекори за евроинтегративниот процес.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ