Комисија за прашања за избори и именувања денеска ги констатираше оставките на членовите на Државната комисија за спречување на корупција кои поднесоа оставки по злоупотребите што излегоа од Ревизорските извештаи.
ЦИВИЛ излезе со информации базирани на конечниот ревизорски извештај на УЈП според кој можат да се утврдат коруптивните елементи на Антикорупциска.
Но, предупредувањата се уште важат. Она што се очекува во следниот период од надлежните институции е истрага колку длабоки се корените на корупцијата и кој и како ќе одговара за злоупотребите на службената должност во ДКСК.
Исто така, доколку некој од членовите ДКСК се одлучи да бара апанажа, Комисијата за прашања на избори и именување, би требало, овојпат, за разлика во случајот со ДИК, да се произнесе по членот 23 според кој лицата од став 1 на овој член го немаат правото од член 19 на Законот за плата и другите надоместоци, односно тоа право им престанува ако се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од користољубие.
Констаитраните оставки ќе се најдат на пленарната седница на Собранието.
Б.Ј.