Конечните резултати од референдумот во Валандово се: 4,683 гласачи излегле на референдумот, односно 46,15% од 10,141 граѓанки и граѓани запишани во Избирачкиот список, според изјавата на претставничката од ОИК, дадена за ЦИВИЛ Медиа во 00:30 часот.
Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода го набљудуваа и овој, четврти по ред, референдум за рудниците во југоисточниот регион на Македонија.
[divide]
ЦИВИЛ ги објавува информациите од теренот на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа, во рамките на проектот Слободни медиуми за слободно општество, финансиран од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија