• Latest

Контра-протест во Скопје: ГДОМ бара забрана на цивилниот сектор!

April 21, 2016

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Контра-протест во Скопје: ГДОМ бара забрана на цивилниот сектор!

April 21, 2016 20:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со мало задоцнување, контра-протестот во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија – ГДОМ, започна на бината поставена спроти Собранието. Илјадници луѓе, дојдени организирано со автобуси, во колона пешачеа од Црвен крст кон Собранието, за на крајот присутните да се концентрираат нз улицата „11 Октомври„ на потегот од Порта „Македонија“ до автобуската станица кај Зелен Пазар.

Додека на огромните звучници ечеа народни и  новокомпонирани патриотски песни, контра-демонстрантите со големи знамиња на Македонија, кои опфаќаа и по неколку нивни редови, во бранови доаѓаа пред бината, потпевнувајќи ги римите за „Усо Тимјанички, царот неготински“ и за „чистото Македонче од битолската околија“. Како рецидиви од минатото, имаше и по некоја црвена беретка и помали групи главно мускулести и тетовирани момчиња со бричени глави, облечени во црни маици со симболот на ВМРО и максимата „Свобода или смрт!“.

Како и на минатогодишниот митинг, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, на страната кон Паркот  Жена беше поставена железна ограда, но и покрај обидите да се спречи одлевањето на присутните, „Рамстор“ и ГТЦ беа полни шетачи со кесиња, а од недостатокот сендвичи, профитираше и преполнетиот „Дестан„. Покрај мобилната семкарница Јохан Тарчуловски во црна мајица со натпис Тодор Александров, се фотографираше со неколкумина од демонстрантите.

На бината пееја Андријана Јаневска и Сузана Спасовска и говореа Тони Михајловски, Братислав Димитров, Петар Темелковски, Атанас Николовски и  Александар Пандов…

Зад нив, на железната ограда беа поставени пакати со пораки „НЕ во ЕУ“, „НАТО – надвор“, „Вашите амбасадори се грди“, „НАТО – Северноатланска терористичка организација“, „Единствена Македонија… Во контекст на политичките пораки од плакатите на оградата беше говорот на Пандов кој побара Уставниот суд времено да ги забрани „граѓанските организации, фондации и политички партии кои во моментов ја рушат и урнисуваат Македонија“!

Во „Прогласот за Македонија“ на ГДОМ се вели дека оваа организација застанува против сите деструкции и црни и мрачни сценарија пред кои Македонија е исправена во овој момент. ГДОМ бара избори на 5 јуни 2016, за крај на кризата, го осудува и бара итно стопирање на секој облик на насилство врз македонската полиција и итно и безусловно стопирање на хулиганството и вандализмот, уништувањето на народниот имот и на македонските институции. ГДОМ порачува дека мора да се стави крај на „деструктивните сценарија за обидите за поделбата на народот“.



Tags: ГДОМконтра протестМакедонијаполитичка кризаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ