• Latest

Контраспин: Кредибилитетот и легитимитетот на Ковачевски произлегуваат од Собранието

January 15, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Контраспин: Кредибилитетот и легитимитетот на Ковачевски произлегуваат од Собранието

January 15, 2022 10:29
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Спин е тврдењето дека кредибилитет и легитимитет на еден политичар од извршната власт мора да произлезе само доколку тој директно учествувал во изборен процес, исто како што е спин дека идниот премиер Димитар Ковачевски ќе разговара/преговара за идентитетот на македонскиот народ, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин, што подолу го пренесуваме во целост:
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, во изјава искажа два спина околу мандаторот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски, а во врска со преговорите/разговорите со Бугарија за билатералниот спор што предизвика блокада на РС Македонија во евроинтеграцискиот процес:

Спин: Овој премиер, мандатар, кој што ќе го предложи составот на владата нема кредибилитет да преговара од името на македонскиот народ за неговиот идентитет, а уште помалку авантуристот Бучковски…

[Извор: Христијан Мицкоски – изјава/прес, датум: 07.01.2022]

Контраспин: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во изјава на мини прес конференција на ден Божик, пред Соборниот храм Свети Климент Oхридски во Скопје, го негираше кредибилитетот и легитимитетот на мандатарот за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски, спинувајќи дека тие произлегуваат само ако некој директно се кандидирал во некој изборен процес. Иако Мицкоски тоа не го поврза директно во делот од изјавата, во понатамошниот дел од одговорите станува јасно дека токму на тоа мисли, а впрочем ВМРО-ДПМНЕ го оспори легитимитет на Ковачевски да преговара и во понеделникот на 10.01.2022, преку изјавата на портпаролката Марија Митева:

Ковачевски нема легитимитет да преговара и да ги води процесите во спорот со Бугарија од причина што истиот не му е доделен од страна на народот, туку пренесен од Заев, кој ја доведе Република Македонија во оваа катастрофална положба, вели Митева.

Со ваквиот тип изјави Мицкоски кажува полувистина, која потоа ја спинува за тоа од каде произлегуваат легитимитет и кредибилитет на политичарите во извршната власт за сите прашања, вклучувајќи и прашање на преговори во билатерални односи со друга држава.

Имено, точно е дека изворно, кредибилитет и легитимитет на еден политичар природно доаѓа преку избори и изборен процес. Но, не мора тоа секогаш да биде услов, затоа што парламентарниот систем во РСМ е претставничка демократија, каде што суверенитетот на граѓанинот доброволно се пренесува врз избраните пратеници во Собранието, кои го добиваат гласот на граѓаните што учествуваат на изборите. Така што, секоја одлука што ја носи Собранието во текот на еден мандат се смета за одлука што ја носи народот, т.е. граѓаните на државата, затоа што пратениците решаваат во името на граѓаните.

Димитар Ковачевски, во моментот кога се пишува текстов, има функција заменик-министер за финансии на влада во оставка, како и мандатар за состав на нова влада, добиен директно од претседателот на државата, согласно Уставот на РСМ. А ,таа функција ја доби откако беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиски избори.

Впрочем и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, легитимно и кредибилно ја води и ја претставува партијата, иако не е избран на парламентарни избори, туку на внатрепартиски избори истиот ден кога беше избран и Ковачевски. Освен тоа, спинот на Мицкоски паѓа во вода, имајќи предвид дека кога траеја обидите за состав на ново парламентарно мнозинство во декември минатата година, Мицкоски најавуваше дека ќе биде новиот премиер на таа нова влада доколку успееше операцијата за ново парламентарно мнозинство.

Има уште еден спин во изјавата на Мицкоски, а тоа е дека Ковачевски ќе преговара со Бугарија за „идентитетот на македонскиот народ“. Овој спин е директно разоткриен од самиот Ковачевски, кој неколку пати досега во изјави за јавноста соопшти дека нема намера да разговора/преговара со претставниците на Софија надвор од т.н. црвени линии, што се зацртани во Резолуцијата на Собранието на РСМ, каде што тие се, всушност, јасно одредени со посебниот идентитет на македонскиот народ и на потеклото на македонскиот јазик.

Последен пат Ковачевски тоа го повтори два дена по изјавата на Мицкоски, во интервјуто за МИА на 09.01.2022 година.

Оттука, јасно е дека изјавата на Мицкоски (и на ВМРО-ДПМНЕ преку Митева) за некредибилитетот и за нелегитимитетот на Ковачевски за да ги води преговорите со Бугарија, како и за тоа дека тие ќе се однесуваат на идентитетот на македонскиот народ, е/се спин, пишува „Вистиномер“. /МЕТА

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ