• Latest

Контраспин: Руската инвазија врз Украина не е „специјална воена операција“, како што спинува Левица

March 23, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Контраспин: Руската инвазија врз Украина не е „специјална воена операција“, како што спинува Левица

March 23, 2022 10:37
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката партија Левица ја искористи терминологијата на Кремљ дека руската инвазија во Украина е всушност „специјална воена операција“. Во оваа изјава се препознава спин, ако се земе предвид дека специјалните операции се воени активности спроведени од специјално назначени, организирани, избрани, обучени и опремени сили кои користат неконвенционални техники и начини на делување. Специјалните операции можат да вклучуваат извидување, неконвенционално војување и антитерористички акции, а обично се спроведуваат од мали групи високо обучен персонал, што не е случај со Украина, пишува „Вистиномер“ во својот нов Контраспин.

Политичката партија Левица на 16 март годинава излезе со соопштение дека пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов оствариле 90-минутна средба со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин. Во соопштението, кое е објавено на официјалната страница на Фејсбук на партијата, може да се забележат спинови во однос на руската инвазија врз Украина.

Спин: На оваа втора официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на специјалната воена операција во Украина и последиците од истата по меѓународниот поредок. Акцент се стави на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија.

[Извор: Политичка партија Левица – Фејсбук; датум: 16.03.2022]

Контраспин: Преку терминот „специјална воена операција“, партијата спинува, користејќи го терминот што и Кремљ го користи за руската инвазија, обидувајќи се да ја релативизира и оправда војната. Истиот термин во разговор за руската телевизија РБЦ, заменик министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков ја опиша реакцијата на Западот на борбите во Украина како „невиден политички, економски и информативен напад врз Русија“. Тој, рече дека руската „специјална операција“ – термин што го користат руските официјални лица – ќе биде завршена и дека треба да се постигне „демилитаризација на Украина и нејзината денацификација“.

Од почетокот на месецот, училиштата низ Русија имаат специјални часови по општествени науки на тема „војна“, каде што наставниците мора да им ја кажат на учениците од седмо и 11-то одделение за позицијата на владата за историјата и за она што Кремљ го смета за „специјална операција“. За истото се делат и прирачници, а во еден од нив, објавен од независниот руски медиум „МедиаЗона“, се вели дека „украинската нација не постоела до 20 век и во 2014 година претрпела крвав државен удар со кој бил инсталиран американски марионетски режим“. Понатаму, пишувало дека откако „самонаречените Доњецк и Луганска народна република во источна Украина се кренале против режимот, тие биле опколени и подложени на ‘геноцид’ осум години, што Русија сега го спречува преку „специјална мировна операција“. Овие материјали за учениците експлицитно наведуваат на тоа дека во случајов во Украина нема војна.

И рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари 2022, во своето обраќање непосредно пред инвазијата, одобри „специјална воена операција“ против Украина за да се елиминира, како што рече, сериозна закана, велејќи дека неговата цел е да го демилитаризира јужниот сосед на Русија.

Слична реторика на руската, сега употребува и политичката партија Левица, преку својот лидер и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, со тврдење дека станува збор за „специјална воена операција“.

Во конкретниот случај, партијата спинува кога го користи овој термин, бидејќи станува збор за напад и инвазија врз суверена и независна држава. Покрај тоа, процентот на вкупните ресурси на руската армија кои во моментов се ангажирани во Украина го покажуваат спротивното, односно ангажиран е огромен број пешадија, авијација, околопни и артилериски единици. Па, оттаму не може да станува збор за „специјална операција“, затoa што во тој случај би се користеле мали, мобилни специјални единици.

Специјалните операции (Special ops) се воени активности спроведени, според НАТО, од специјално назначени, организирани, избрани, обучени и опремени сили кои користат неконвенционални техники и начини на делување. Специјалните операции можат да вклучуваат извидување, неконвенционално војување и антитерористички акции, а обично се спроведуваат од мали групи високо обучен персонал, со акцент на брзината и тактичката координација.

Во воената инвазија на Русија врз Украина, наспроти ова, гинат голем број цивили. Канцеларијата за човекови права на ОН изјави дека има регистрирано вкупно 902 цивилни жртви и 1.459 повредени цивили од почетокот на војната, иако се верува дека бројките се многу повисоки. Канцеларијата на главниот обвинител на Украина во саботата објави дека 115 деца се убиени од почетокот на борбите, а повеќе од 140 деца се ранети. Десетици цивили се убиени и повредени како резултат на нападите за 24 часа само во источниот регион Доњецк, соопшти во саботата (19 март 2022) украинската полиција. Најмалку 37 станбени згради и инфраструктурни објекти беа оштетени во нападите врз осум градови и села. Сето ова, не може да се нарече „специјална воена операција“, туку „воен напад“ или „воена инвазија“, во време кога има цивилни жртви, а само во Варшава, илјадници бегалци од Украина чекаат редици за да добијат локални документи за идентификација кои ќе им овозможат да продолжат со животот.

Професорката Мирјана Најчевска за соопштението на политичката партија Левица се изјасни дека треба сериозно да се размисли за примена на членот 407-а од Кривичниот законик: „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

Имено, воената агресија на Руската Федерација предводена од Путин врз Украина е веќе идентификувана од најголем број држави во светот како акт со кој во големи размери се повредуваат човековите права. Оваа осуда е операционализирана во хуманитарна и воена поддршка на Украина, во Резолуција на Генералното Собрание на ООН, во прво суспензија на членството на Руската Федерација во Советот на Европа (во кој членува Македонија), а сега веќе и исклучена од членство и во започната процедура пред Меѓународниот кривичен суд (чиј основен акт – Римскиот статут, го има ратификувано Македонија), тврди Најчевска. 

Пратеникот Апасиев, како што стои во соопштението на Левица, се оградил од последните контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсетил дека овие „нецивилизирани антируски чекори“ воопшто не ја изразуваат волјата на мнозинството македонски граѓани, а осудени биле и „непотребните санкции на Република Македонија, под притисок на ЕУ и НАТО“.

Во време кога светот се соочува со агресија која може да доведе до светска војна, која е осудена од државите кои се дел од меѓународните структури во кои членува Република Северна Македонија и врз основа на меѓународните документи кои ги ратификувала, секоја употреба на ваква реторика може да биде штетна врз општеството, особено што истата не кореспондира со реалноста.

Оттамy, тврдењето на политичката партија Левица дека руската инвазија врз Украина е „специјална воена операција“ е класично спинување на она што се случува на теренот, каде што има голем број цивилни жртви и уништена инфраструктура, а нападите траат веќе еден месец, пишува „Вистиномер“ во најновиот Контраспин.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    171 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ